Неколку дена пред Божиќ, Џулијан Асанж се пресели во своето ново скривалиште во зафрлена англиска провинција. Оваа трособна куќа, отстапена од еден симпатизер на Викиликс, е сосема пристојна, но не е грандиозна како вилата во која ги помина претходните 363 дена куќен притвор.
Во последните пет години, Македонија назадува во повеќе подрачја: во демократијата, во човековиот развој, во слободата на медиумите, во евро-атланските интеграции, во директни странски инвестиции, и е повеќе од двојно позадолжена земја.
Многу ретко некоја членка на ЕУ се покажала толку тврдоглава и неразумна како Унгарија. ЕУ има добри изгледи да го наметне своето мислење на крајот бидејќи на Унгарија во овој период ѝ е потребна европска помош.
По 99% обработени гласачки места, официјално е потврдено дека Хрватите ја избраа Европската унија. За членство во ЕУ гласале 66,27% од граѓаните, додека против Унијата се изјасниле 33,13% од гласачите.
Дали времето во демократијата се движи пребавно за да може да се реагира на кризата, или е прекратко за да овозможи планирање на долги патеки? Oва е прашање од големо значење за голем број богати демократски земји.
Низ комерцијализираните медиуми, значи, јавната сфера, компетентноста ѝ го препушти местото на славата. Легитимните учесници во јавните расправи денес не се веќе компетентни личности, туку славни.
Новата година само што почна, а францускиот претседател и германската канцеларка веќе се сретнаа. Средбите Саркози – Меркел станаа редовни – тие веќе имаат и заеднички прекар. Сепак, тие се сосема различни.
QUELLE horreur! Едно од најгрдите откритија за претседателот Обама што го изнесоа републиканските кандидати е дека се обидува да ги претвори Соединетите Американски Држави во Европа.
Светот виден од Атина изгледа вака: САД и Велика Британија се сигурните сојузници; Кипар и Србија се пријателите; Израел, Руската Федерација и Кина се новите партнери; Турција, Косово и Македонија се гледаат како земји непријатели или како закана за Грците.
Веќе 20 месеци грчкиот „пациент“ се наоѓа на одделението за интензивна нега. Еднаш на три месеци, неговата здравствена состојба се проверува детално. Наредниот термин е следната недела, а „пациентот „сè уште е во лоша состојба“.
Да се разбереме, кога почна приказната со тужбите против Луковиќ, мислев дека не е во прашање никаква удбашко-мафијашко-поповско-државна завера против Петар, туку само неминовен резултат, хм, ај да речеме, на одредени стилски специфичности на неговите текстови.
Погледнете, уверете се сами. Зградата на ВМРО-ДПМНЕ има најгрда фасада во центарот на Скопје. „Пастирот“ слободно може да си распише конкурс, и стадото да му гласа дали сакаат барокна, хеленистичка, неолитска, фалангистичка фасада, или пак да им остане исто толку грда како што е сега.
За речиси деветте децении живот, не паметам време во кое минатото е толку неважно за кроење на политиката како сега. Никој не предвиде ниеден од актуелните значајни настани.
Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград. Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е.
Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин
Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...