Личноста која се крие зад псевдонимот The Sunshine Room за инспирацијата во врска со овој стрип вели: „На некој начин сакав да прикажам како јас си замислувам дека ги дизајнираат овие маици“.
Ен Емонд е писателка, илустраторка и стрип цртач која живее и работи во Бруклин, Њујорк. Дипломирала 2010 г. на School of Visual Arts. Како нејзини уметнички јунаци ги наведува Сол Стеинберг, Георг Грош, Едвард Гори, Морис Сендак и Линда Бери.
Уште еден стрип од австрискиот илустратор Михаел Хакер (1981). Овој автор претходно веќе еднаш го претставивме на Окно, со стрипот „Преобразба“.
Yasmine е американска илустраторка која за себе вели дека е голема љубителка на мачките и фините момчиња. Редовно објавува стрипчиња со мачки на својот блог catversushuman.blogspot.com.
Еволуцијата понекогаш знае и да си поигра со животинските битија, посебно кога по некое време ќе им ги смени улогите на главните протагонисти во вечната борба за преживување. Стрип на Фелипе Нани, млад бразилски илустратор и цртач.
Михаел Хакер е австриски илустратор кој од 2002 година живее и работи во Виена. Работел за познати компании, илустрирајќи ги нивните рекламни кампањи, а исто така изработувал и постери за музички бендови.
Џим Бентон е американски илустратор, стрип-цртач, карикатурист и дизајнер. На почетокот работел дизајни за илустрации на маички за носење, а потоа почнал да објавува свои карикатури и стрипови во весниците и списанијата.
На една девојка ѝ се случуваат низа неверојатни настани. Стрип на Рејнато Кастро и Артур Куланг, кои досега веќе неколку пати беа претставени на Окно.
Повторно го претставуваме Том Гаулд, карикатурист и илустратор кој живее и работи во Лондон. Овде можете да го погледнете неговиот стрип „Разговор меѓу два камена“. Стрипот го пренесуваме во оригинал.
Приказна за еден црвен балон со крајно неочекувана завршница. Рејнато Кастро и Артур Куланг се двојка цртачи кои секој вторник и четврток објавуваат стрипови на својата интернет страница buttersafe.com.
Zenpencils.com е интернет страница на која можете да најдете инспирациски цитати и изреки од познати личности, преработени во стрипови. Станува збор за релативно нова страница која беше отворена 2012 г.
За да ги погледнете и останатите стрипови објавени на Окно од истиот автор, кликнете овде.
Една девојка не сака да води љубов со мажи пред да стапи во брак. Стрип кој можеби го прикажува вистинското лице на мажите! Други стрипови од истиот автор ќе најдете на следниов линк.
Хуглеикур Дагсон (цело име: Thorarinn Hugleikur Dagsson, р. 1977) е исландски уметник, цртач, филмски критичар и драматург. Автор е на десетина збирки со карикатури.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.
Делови од предавањето нa Славој Жижек, одржано во Њујорк на 25 април 2012 г., во кое зборува за антисемитизмот, популистите, економската криза, протестните движења, залезот на капитализмот...
Нашите закони се дело на систем кој крадците ги облекува во свечена одора, а чесните во партали.
Протестот е еден од најзначајните текови на демократското општество, без разлика дали се јавува низ формата на јавна демонстрација, граѓанската непослушност или, пак, во облик на штрајк.