Виц

Влегува тип во кафана и уште од вратата извикува: - Сите политичари се кретени!
Еден од гостите станува и вели: - Еј, немој да навредуваш!

07.09 10:36

На брод се наоѓаат Американец, Англичанец, Русин, Германец, Французин и Македонец.

06.09 09:58
Битна разлика

Која е разликата меѓу просечната македонска плата и сидата?

- Од сидата подолго се живее.

03.09 11:50

Влегува наставничката во училницата, држејќи ги во раце писмените задачи и налутено им вели на учениците: - Срам да ви е, деца! Јас ви задавам тема за писмена задача „Славните жени во светот“, а вие ми пишувате за Нора Шакири и некоја си Лејди Гага! Зошто никој од вас не се сетил на... да речеме... Марија Кири?!
На ова учениците почнуваат да шушкаат, да се погледнуваат, а потоа и да се смеат.
-Сега ви е и до смеење, срам да ви е! - налутено им вели учителката.
На ова, една ученичка станува и поучно вели: - Наставничке, не се вика Марија Кири туку Мараја Кери!

02.09 10:34

Седнала плавуша во авион за Њујорк, во бизнис класата, а имала карта за економската класа. Дошла стјуардесата и ја замолила да стане, но плавушата ја игнорирала. Дошла друга стјуардеса и ја замолила - никаква реакција. Дошол копилотот - исто. На крајот дошол пилотот и и’ шепнал нешто во увото, по што оваа со брзање станала и се префрлила во економската класа. Останативе зачудено го прашале како успеал да ја натера да стане.

- Многу едноставно, - рекол пилотот - и’ реков дека овој дел на авионот не оди за Њујорк.

01.09 12:17

Прави новинарска екипа анкета и застануваат пред еден скопјанец. Тој го гледа љубопитно микрофонот и го прашува новинарот: Што ти е ова?

31.08 10:31

Зошто кучињата се најлоши покераши?

- Зашто не знаат да блефираат - штом добијат добри карти, веднаш почнуваат да мавтаат со опашот.

30.08 10:13

На часот по општество за петто одделение, наставникот им раскажува на учениците за наркоманијата и ефектите од делувањето на опојните средства:

- Дваесет до шеесет минути по внесувањето во организмот, дрогата предизвикува ослободување на енергија и еуфорија. Доаѓа до зголемување на будноста и енергијата, како и потиснување на жедта, заморот и сонот. Се јавува живнатост и расте чувството на блискост со другите личности, а можно е да се игра на музика со часови. Звуците, боите и емоциите изгледаат и се доживуваат поинтензивно, и се јавуваат халуцинации.

Еден од учениците крева рака и прашува:

- Наставнику, а имаат ли дрогите и лоши страни?

27.08 11:10
1

На телото на некој мртов затвореник во некој македонски затвор се пронајдени десетици дупки од куршуми и убоди од нож.

26.08 10:39

Во египетски музеј Паско Кузман и’ објаснува на владина делегација од Македонија:

25.08 10:20
1

Препорачуваме

Аднан Хамидовиќ - Френки, родум од Тузла, својот пробив на Балканската хип хоп сцена го направи како пратечки МЦ кој настапуваше со Едо Маајка.

Ѕирнете ги најновите пристигнати раскази на конкурсот. Оваа недела имаме помалку автори, но затоа, пак, квалитетот нема изгубено. Исто така, на наша голема радост, се појавуваат нови имиња кои ветуваат.

Часови за читање на градот се подаруваат на туристите, а другите жители се задушуваат и губат во привидниот, псевдоградски текст без вистинско значење. Станува збор, за физичка превласт, но и за семантичка ентропија на Градот на вториот.

Лиле Поповска, пратеничката, пред еден месец во „Дневник“ објави еден од најглупавите текстови што во поново време се појавиле во македонскиот печат. 

ОкоБоли главаВицФото