skopjecasual.tumblr.com е местото каде што три девојки ги презентираат своите дневни инспирации и лежерната мода од улиците на Скопје. Овојпат тие ни претставуваат модни парчиња украсени со британското знаме.
Марија Елиса Дуке е колумбиска фотографка чија специјализација се модните фотографии и портрети. Нејзините фотографии се објавувани во бројни модни списанија, или биле користени во многу рекламни кампањи.
Во продолжение погледнете го краткиот документарен филм на Karen Kilimnik за почетоците на Кејт Мос. Едноставно, но моќно објаснета кариерата на една од најголемите манекенки и модни икони денес.
Покрај комбинациите на кои сите им се воодушевуваме и сакаме да ги имаме во нашите гардеробери, постојат и модни комбинации кои нè оставаат со отворена уста од изненадување за што всушност служат.
Инспирирани од италијанскиот филм со истото име (La Dolce Vita), серијата фотографии направени од страна на Yie Sandison се елегантни и ретро. Фотографиите пленат со грациозност и женственост.
Зборот хипстер станува сè потешко правилно да се користи, бидејќи стана премногу меинстрим. Но, тоа не го негира неговото големо влијание при изработката на колекцијата пролет/лето 2012 на модната куќа „AFIA“.
Најновата машка колеција на Том Ребл за Есен/Зима 2012/2013 донесува екцентрични парчиња облека. Главната улога во едиторијалот му е доделена на Саша Мартини (Sasha Martini), фотографијата е на Piero Visconti, а за шминката е задолжена Valentina Ferrulli.
Додека голем број модни списанија и емисии за модата се полни со животински принтови и неонски бои, најновото издание на списанието „ Вог“ за Мексико, ја покажува моќта на црната боја.
Најновата колекција за Пролет/Лето 2012 на дизајнерот Араши Јанагава (Arashi Yanagawa) за модната куќа „John Lawrence Sullivan“ комбинира војнички моменти со феминистички детали.
Колекцијата на модната куќа „Wrong time“ за Пролет/Лето 2012 е насловена: „Заедно го делиме здивот“. Фотографијата е на Predrag Pajdic, кој успешно ги доловил мечтателноста и елеганцијата.
Малиот црн фустан. Не е потребно никакво објаснување. Најверојатно популарноста ја доби со Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“, а денес е задолжителен дел од секоја женска гардероба.
Модната куќа „Libertine - Libertine“ ја претстави својата нова колекција пролет/лето 2012. Тука можете да ги погледнете преубавите фотографии на Саша Мариќ со сценографија на Марко Педроло.
Керол Лим и Умберто Леон, луѓето кои ја измислија „Церемонијата на отворање“, а во исто време се и нови креативни директори на модната куќа „Кензо“, ја претставија својата колекција пролет/лето 2012, на Париската модна недела.
Колекција необични животни од дизајнирани модни парчиња на креаторот Луј Витон (Louis Vuitton), осмислени и создадени од британскиот уметник Били Ахилиос (Billie Achilleos).
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.
Делови од предавањето нa Славој Жижек, одржано во Њујорк на 25 април 2012 г., во кое зборува за антисемитизмот, популистите, економската криза, протестните движења, залезот на капитализмот...
Нашите закони се дело на систем кој крадците ги облекува во свечена одора, а чесните во партали.
Протестот е еден од најзначајните текови на демократското општество, без разлика дали се јавува низ формата на јавна демонстрација, граѓанската непослушност или, пак, во облик на штрајк.