Let's Dance Outside Tonight for Hours, you Scary Monsters (and Super Creeps) to the White Noise of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars, Don't Let Me Down, my Diamond Dogs, we can be Heroes just for one day!
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
Џоел ја објавува песната "Leningrad" на албумот "Storm Front" од 1989, на кој третира и теми врзани со историјата, особено Студената војна, како напр. во "We Didn't Start the Fire". Две години порано, со семејството го посетува СССР, каде го запознава кловнот Виктор, кој ја засмејува неговата ќерка, Алекса. Овој чин на невина човечка радост е симбол на рушењето на тогашните бариери меѓу САД и СССР. Били и Виктор стануваат пријатели, оттаму се раѓа и песната "Leningrad". Во неа, Џоел го споредува својот живот со оној на Виктор, кој е роден е во пролетта 1944 и никогаш не го видел својот татко, кој загинал во војната. Созревал во сивилото на советскиот систем, служел во Црвената армија, а животните маки ги лечел со вотка. Својата среќа ја нашол во тоа да стане циркуски кловн. Џоел пак, е baby boomer, роден во 1949, кој расне во middle class America во 50-те и 60-те, во атмосферата на Мекартизмот, Корејската војна и стравот од нуклеарен напад за време на Кубанската криза. Кога е веќе созреан, доаѓа и Виетнамската војна, во која гинат негови пријатели и која тој ја осудува. На крај, судбината ги спојува двајцата пријатели од обете страни на „Железната завеса“, а песната завршува со стиховите: "We never knew what friends we had until we came to Leningrad".
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
Песната "Heroes" од истоимениот албум од 1977, е напишана од Дејвид Боуви и Брајан Ино. Инспирација за неа, Боуви добива во периодот кога снимал во студио во Западен Берлин. Во една прилика, го набљудувал својот продуцент, Тони Висконти (тогаш женет со Мери Хопкин, позната по песната "Those Were the Days") како се прегрнува со својата љубовница, Антонија Маас, со Берлинскиот ѕид во позадина. Љубовната сцена се врежала во мислите на Боуви, делувала како херојски акт на отпор против дехуманизацијата која ја симболизирал „Ѕидот на срамот“, како тој го опишува во оваа негова песна. "Heroes" е своевидна протестна химна на навидум малите луѓе, заради чија сила тој Ѕид всушност и падна.
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
Angelic Upstarts е познат punk бенд од Саут Шилдс, Англија, формиран во 1977, кој припаѓаше на т.н. Oi! поджанр на панкот. Тој привлекуваше припадници и на панк и на скинхед субкултурата од редовите на работничката класа, а се залагаше за враќањето на панкот „на улицата“, наспроти оние панк групи од студентската средна класа, кои се искомерцијализираа или отидоа во артизам. Теми со кои се бавеа Oi! песните беа: експлоатацијата или невработеноста, полициската бруталност, фудбалското навивање, пиењето по пабови (атмосфера каква гледаме во "Only Fools and Horses" или "Billy Elliot"). Една од темите е и патриотизмот, но не и неонацизмот, кој со Oi! нема врска, туку е идеологија на друг жанр, т.н. "Rock Against Communism". Angelic Upstarts е левичарски бенд, на омотот на нивниот албум "Anthems Against Scum" се наоѓа и Ленин, но, тие изразија поддршка за полскиот опозициски синдикат Солидарност со снимање на истоимена песна во 1983, во чиј спот се појавува и Лех Валеса. Интересно за нас, таа се наоѓа и на албумот "Live in Yugoslavia", снимен при нивниот настап во бившата ни неврзана држава во 1985.
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
The Style Council беа група во 80-тите, на чело со славниот Пол Велер, претходно фронтмен на The Jam, кој помина низ повеќе фази, од панкер, преку mod revivalist и soul бунтовник, до rhythm'n'blues-ер. Во неа членуваше и неговата тогашна сопруга, црномурестата D.C. Lee. Групата беше и политички ангажирана, дел од левичарското Red Wedge движење против Тачер, заедно со „фолк- панкерот“, акустичарот Били Браг и геј активистот Џими Самервил од The Communards. Но, бендот исто така го подигна гласот и против тоталитаризмот во Источна Европа. Пророчката песна „Ѕидовите почнуваат да паѓаат“ ја издаваат во 1985, кога Берлинскиот ѕид е сеуште „здрав и жив“, а интересно, спотот е снимен во Варшава, тогашна Народна Република Полска.
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
Rational Youth („Рационална младина“?!) е канадска група формирана во 1981 под силно влијание на германските Kraftwerk. Следната година го издаваат нивниот деби албум, со кул наслов "Cold War Night Life", на кој се наоѓа и темата која ви ја презентираме, пророчката "Dancing on the Berlin Wall" (нешто што ќе се оствари 7 години подоцна). Групата престанува со активност во 1986. Во 1997, благодарејќи на многубројни барања испратени по мејл од нивни фанови, овој раритетен албум доживува реиздание на цеде. Групата се реактуелизира, па со нова постава, во 1999 објавува и нов албум, прв по 14 години, по што работи се’ до својот последен концерт во 2001.
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
Извадок од познатата изведба на рок операта "The Wall", во чест на Падот на Ѕидот, одржана во Берлин на 21 јули 1990 г. Концертот се одржа на просторот помеѓу Потсдамер плац и Бранденбуршката порта, кој во поделениот Берлин претставуваше „ничија земја“. Покрај Роџер Вотерс од Пинк флојд, врз чија биографија и се темели ова музичко дело, учество земаа и Скорпионс, Шинејд О’Конор, Ван Морисон, Брајан Адамс и други познати артисти. Во конкретнава нумера, Синди Лопер се јавува како вокалист, додека Томас Долби свири на синтисајзер. Инаку, „Ѕидот“ во операта е метафора за алиенацијата на главниот лик Пинк од светот околу него (во филмската верзија го глумеше Боб Гелдоф), а не е референца до оној, вистинскиот, бетонски Ѕид во Берлин.
Реакција на дебатата со претседателот Иванов на МТВ и изданието на „Еврозум“ на Борјан Јовановски на А1 по повод Падот на Берлинскиот ѕид.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.
Делови од предавањето нa Славој Жижек, одржано во Њујорк на 25 април 2012 г., во кое зборува за антисемитизмот, популистите, економската криза, протестните движења, залезот на капитализмот...
Нашите закони се дело на систем кој крадците ги облекува во свечена одора, а чесните во партали.
Протестот е еден од најзначајните текови на демократското општество, без разлика дали се јавува низ формата на јавна демонстрација, граѓанската непослушност или, пак, во облик на штрајк.