Сиот свет одненадеж останува без електрична енергија и настанува хаос. Зад катастрофата стои непознат вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи.
Со перформансот „Марионети“ на македонската уметница Ели Чочова, публиката се сретнува со несекојдневна визуелна и аудитивна инсталација на „живи предмети“ во просторот.
Во четврток (22 декември) во ГЕМ клубот ќе биде промовирана книгата од Влада Урошевиќ Детство, лето, град. Книгата е составена од разнородни текстови, а од неа денес објавуваме еден есеј.
Пренесуваме интервју со Владимир Блажевски, режисерот на филмот „Панкот не е мртов“ кој е македонскиот кандидат за Оскар, за српскиот весник Политика, по повод прикажување на филмот на редовен репертоар во Белград и Србија.
Верувате ли во иднината на градовите со ниско ниво на бучава и загаденост, со население кое живее здрав живот и каде што трошоците за здравствена заштита поради прекумерна тежина и други современи болести не растат со секоја наредна година?
На 28.11. (понеделник) 2011 година, Младинскиот културен центар, Ви го претставува филмот „Шок - Состојба“. Филмот на репертоарот на кино Фросина ќе биде до 12.12.2011 г.
Седумдесеттина филмови, 100-тина фестивалски гости, 9 концерти, 12 фестивалски програми, многу гала премиери, десет филмски денови, неколку работилници и придружни настани ќе го одбележат јубилејниот десетти Фестивал на Европски филм СИНЕДЕЈС.
SEAFair '11 – “Енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија”
Младинскиот Културен Центар е првата установа од областа на културата во Р. Македонија, која минатата година доби проект финансиран од Европската комисија за култура, во рамките на програмата "2007-2013".
Е.И.О. истражува создавање вредност и негова дистрибуција на полето на изведувачките уметности што секогаш заднички ја создава потенцијалната публика. Со други зборови, “тоа е утописка фикција на практични решенија“.
Беше типичен скопски летен ден. Се разбудив на пладне. Претходната вечер, после цели 28 години, ја прекинав врската со мојот град. Tаа долга, страсна и интензивна врска конечно заврши.
Австралискиот noise-rock состав MY DISCO ќе одржи концерт на 29.09 (четврток) во МКЦ. Концертот ќе започне во 21:00, а влезницата чини 200 денари.
Фестивалот De:sonanz и оваа година на македонската публика ќе ѝ ги доближи современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео-уметноста преку настапите на реномирани артисти од Германија, Норвешка, Унгарија, Македонија и регионот.
Третото издание на de:sonanz - фестивалот за електронска музика и медиумска уметност, ќе се одржи на неколку локации во Скопје од 30.09 до 8.10.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.