Цане Андреевски

Негирање има не само на македонскиот јазик. Има на многу јазици во светот. А од друга страна, овде е, во тој однос супериорен спрема Македонците, вклучено и прашањето на јазикот. Нели? Во други средини тоа не се вклучува.

30.11 14:08

Жаргонот не е никакво деформирање. Не треба да тргаме само од тоа дека има правопис, јазик создаден по некаков пропис и недај боже некој да пипне во него. Всушност, има во животот различни манифестации на јазичната дејност.

26.11 11:39

Идеалниот критичар треба да ја чувствува литературата. Треба да е човек способен со симпатија да му пристапува на текстот. Тоа е едно големо својство на критичарот. Јас мислам дека човек што е мрзоволен, циник, не е најпогоден тип на критичар.

23.11 11:31

Авторот треба да знае што ќе понуди како податок. А и тука има процес на бришење. Оти пишувањето е во голема мера бришење, елиминација на она што не е битно, што не треба да пречи.

19.11 11:32

Не сум имал никогаш некоја намера посериозна да се бавам со проза. И таа збирка на некој начин случајно настана. Интересен е поводот...

16.11 13:07

Јас мислам дека не се разликувам тука од другите луѓе. Секој човек е подложен на тоа чувство на осаменост до чувството на напуштеност, па дури и беспомошност.

10.11 11:52

Имам песни што сум ги напишал во текот на конференции. Земајќи хартија прво не со намера да пишувам песни, ами од нервоза нешто да забележам. Па, оп! - ќе се случи како во некаква игра...

06.11 12:06

Јас имав во себе, се разбира, еден систем. Тој систем сум го изразувал и сум го следел. Но никако тој систем не сум сакал да го средам и да го усогласам...

03.11 12:39

Таа наша група предизвика доста голем шум во Софија, бидејќи ние како Македонци настапувавме организирано и имавме контакти и со Македонци, студенти, од Пиринска Македонија.

31.10 13:01
1

Народни песни јас почнав да собирам уште во вишата гимназија. Ги запишував од баба ми. А и од други луѓе. Околу четириесет текста имам запишано од баба ми. Тие се зачувани во еден препис.

28.10 12:53

Своите малубројни книги ги чував љубоморно и се однесував со големо внимание спрема нив. Ги редев на рафтот, ги заведував во регистар, им ставав броеви, така што мојата збирка личеше навистина на една вистинска библиотека.

26.10 15:32

Се плашев од тоа дали знам да се држам, дали ќе знам како што треба да се претставам. И, одејќи од тоа чувство, јас сум доста чувствителен, за да не бидам навреден, јас сум одел таму кајшто најголема гаранција имам дека е опасноста мала.

23.10 14:45
1

Лајат кучиња, овие ја носат таа исполнета кожа и собираат брашно, јајца, нешто друго што ќе им дадат. Тоа е неисцрпно кога се сеќава вака човек. (Се смее). Цела една книга за тоа би можело да се напише.

16.10 14:37
2

Во следните триесеттина продолженија ќе ви претставиме извадоци од книгата „Кажувања на Блаже Конески“, на македонскиот писател и публицист Цане Андреевски. 
Книгата е произлезена од книгата „Разговори со Конески“, првпат објавена во 1991 година.

15.10 11:45

Препорачуваме

Најважни се јавните простори и инфраструктурата

Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.

2011: Година на опасно сонување

Делови од предавањето нa Славој Жижек, одржано во Њујорк на 25 април 2012 г., во кое зборува за антисемитизмот, популистите, економската криза, протестните движења, залезот на капитализмот...

Разорувач на историските митови

Нашите закони се дело на систем кој крадците ги облекува во свечена одора, а чесните во партали.

 Протестот во партократските режими

Протестот е еден од најзначајните текови на демократското општество, без разлика дали се јавува низ формата на јавна демонстрација, граѓанската непослушност или, пак, во облик на штрајк.

ОкоБоли главаВицФото