Едвард Л. Бернис, таткото на односите со јавноста и доктор над докторите за спин: ги натерал Американците да јадат сланина, ги убедил жените дека пушењето цигари еманципира...
Се залажуваме постојано. Си велиме дека сме подобри од медиокритетите – дека сме морални, поспособни, се залажуваме дека нема да се разболеме или да настрадаме во несреќа. Феноменот е чуден и загадочен за оние кои размислуваат за нашето еволутивно потекло.
Психолозите кои, врз основа на стандардните критериуми кои се користат во медицинската пракса, правеа психолошки профил на одредени диктатори заклучија дека за сите нив карактеристични се неколку ментални пореметувања.
Интересно интервју од 1985 г. со Јуриј Безменов, поранешен агент на советската разузнавачка служба КГБ, во кое ги објаснува четирите основни фази со кои се спроведува социолошкиот инжеренинг.
Авторот нуди одговор на прашањето зошто ТВ програмите се полни со емисии кои се базираат врз исмевање, понижување, омаловажување или предизвикување чувство на гадење кон другите?
Погрешно да се воопштува и да се тврди дека мажите се вакви, а жените онакви, зашто постојат огромни индивидуални разлики кои опфаќаат повеќе видови контакти. Секако дека постојат некои заеднички карактеристики на полот, но не би требало да се дава преголемо значење на тие разлики.
Интервју со Насир Гаеми, автор кој тврди дека понекогаш е корисно светските политички лидери да имаат слаби или благи симпоми на одредени ментални болести, бидејќи тие помагаат при донесувањето тешки одлуки.
Имам алатки за преживување, да бидам блиску до другите, да бидам продуктивна, и да создавам смисла и ред од светот и луѓето околу мене. Јас се поседувам себеси и затоа можам да се управувам себеси.
Пренесуваме шест илустрирани проценки за тоа каква личност сте преку вашата спиечка положба. Се разбира, овие стереотипи не мораат да важат баш за сите луѓе. Само за поголемиот дел од нас.
Една од основните функции на прераскажувањето вицеви е постигнувањето растоварување од напнатоста и враќање на рамнотежата во функционирањето на психата и телото.
Повеќето жени кога стапуваат во брак предност ѝ даваат на љубовта пред парите, но под услов идниот сопруг да е во работен однос, велат резултатите од едно неодамнешно истражување.
Пренесуваме извадок од книгата „Со очи на психијатар“, која се занимава со прашања на психијатријата - дали постои лудило, како би се дефинирало, развојниот пат на поставените стандарди преку новите пристапи итн.
Не е важно колку често водиме љубов, туку начинот на кој го правиме тоа. Ако сте убедени дека сте некаков „стручњак“ за секс, размислете уште еднаш. Кога ќе се спојат психологијата и омилените пози, се добива следниов исход.
Типичниот опис на идеалната убавина обично се состои од „руса коса, сини очи.“ Но бојата на очите, многу повеќе отколку бојата на косата, изгледа случајна особина. Зошто жените со сини очи би се разликувале од оние со зелени или кафени очи?
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.