Големото уво на малодушниот братучед во акција. Кој е тој што се дрзнал да им ги ремети херците...?
Оваа видео анимација е бура од тишина и поставува неколку дилеми кои се емоционално единствени. Авторот заглавил во не/искажаноста на доброто духче и прашува:
- Дали добриот дух има говорна маана и затоа е недоречен, не разбира овоземски, или навистина колаборира молчешкум мајчиниот?
„Фамилијата“ е серија, каде причинско-последичните појави играат брканица, а актерите си го побркале англо-италијанско-македонскиот идентитет за сметка на добриот сарказам. Анимираниот филм Рибаро го користи адаптирајќи го врз нашите случувања сценариото од вечниот Алан Форд.
Видео пост за Скопје 2014. Нема сценарио. Тука сè се одвиваше онака, како што е претскажано од тројцата творци, визионери, апостоли на модерното време, во кое урбаниот хаос си го наоѓа своето место…
За читатаелите на Окно малo потсетување на најпопуларните објави во рубриката ОКО:
Следејќи го Орвеловото Министерство за љубов политичките водачи на Македонија и Грција решија да покажат колку ги сакаат своите народи, конструирајќи вештачки идентитети и изобличувајќи ја перцепцијата на илјадници Грци и Македонци.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.