економија

Седиштата на големите корпорации во текот на изминативе 15 години го променија изгледот на големите градови во земјите во развој. Сето тоа се споменици на подемот на новиот вид хибридни корпорации.

23.01 12:08

Дали времето во демократијата се движи пребавно за да може да се реагира на кризата, или е прекратко за да овозможи планирање на долги патеки? Oва е прашање од големо значење за голем број богати демократски земји.

20.01 13:28

Катастрофата траеше 60 секунди. И тогаш земјотресот престана. Тоа беше на 12 јануари 2010 година. Кога денес подвлекуваме линија, мора да заклучиме дека катастрофата не траеше 60 секунди, туку, еве, веќе две години, сè до денешен ден, и нема да заврши брзо.

18.01 11:27

Веќе 20 месеци грчкиот „пациент“ се наоѓа на одделението за интензивна нега. Еднаш на три месеци, неговата здравствена состојба се проверува детално. Наредниот термин е следната недела, а „пациентот „сè уште е во лоша состојба“.

18.01 10:48

Ако се изгубиш, најпаметно е да се вратиш на почетокот на патот. Така ја прераскажува старата поговорка малезискиот премиер Махатхир Мухамед. Во сегашната финансиска криза сите сме залутани, вели тој, а најзагубен е Западот кој повторно мора да размисли за некои основни работи.

17.01 14:26

2011 година ќе биде запаметена како време кога многумина претерано оптимистички Американци почнаа да ја губат надежта. Годинава веројатно ќе биде уште полоша. Над 7 милиони американски семејства останаа без покрив над главата.

17.01 11:54

Богатите во Германија стануваат уште побогати, додека за останатите останува сè помалку. Неодамна OECD повторно утврди дека во ниедна друга развиена земја не доаѓа до толку брзо раслојување на населението како во Германија.

11.01 10:49

Нобеловецот Џозеф Стиглиц вели дека ни претстои година која ќе биде полоша од оваа која е на заминување, прогнозира крај на еврото и почеток на најголемата економска катастрофа во историјата на светот. А за сето тоа се виновни нерешителните политичари.

30.12 12:39

Интервју со индиската писателка Арундати Рој за германскиот весник Die Zeit. Рој тврди дека крајот на капитализмот се ближи. Таа е убедена во тоа, како и дека богатите ќе се оградат од сиромашните – со вооружена сила.

28.12 11:05

Иако не е осамена, Македонија е лидер во Западен Балкан за манипулација со статистички податоци. Единствената цел на оваа „алхемија“ е сивата реалност да се представи во розова светлина.

26.12 11:11

Воопшто не е јасно дали неговиот разгален најмлад син Ким Џонг Ун – сега славен како „Големиот наследник“, но во суштина неподготвен да владее – ќе го наследи татка си во што и да е, освен во името.

22.12 12:53

Вистинската моќ на носење одлуки во ЕУ ја има т.н. Франкфуртска група, мал круг составен од Ангела Меркел, Никола Саркози и група банкари и функционери.

14.12 12:02

Поради рецесијата, Шпанија ги откажува сите поамбициозни проекти... Само „Скопје 2014“ нема гајле! Блазе си ни!

09.12 14:03
1

Повеќето западни економски сили се задушуваат во долгови, па остатокот од светот помош за излез од кризата мора да бара на друго место. Тие сè почесто како свои спасители ги гледаат Кина и Индија. ЕУ дури го молеше Пекинг да ѝ помогне.

09.12 09:02

Препорачуваме

Доба на периките

„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.

Меѓу популизмот и демократијата

Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.

Умберто Еко

Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.

Страв од казна

Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.

ОкоБоли главаВицФото