Во Филмското студио Бабелсберг (Babelsberg), најпознатата фабрика на соништа, снимале најголемите светски ѕвезди, почнувајќи од Марлен Дитрих, Кристоф Валц, Кејт Винслет, а не изостанал ниту мегапопуларниот Бред Пит.
Големиот холивудски актер, Бен Газара (Ben Gazzara) почина во својот дом на Менхетен по долго и тешко боледување, известуваат американските медиуми.
Стилска и тематска посебност на филмовите на Ангелопулос е токму односот на филмот кон театарот, на камерата кон сцената, на историското „репрезентативно“ време кон секојдневието. Во секој негов филм имаше сцени, посебно празни сцени, неодиграни драми кои ги заменува историјата.
Израелската кинематографија стана изненадувачка сила и покрај малите буџети и малиот број филмаџии, а филмовите од оваа земја последниве пет години четири пати беа номинирани за Оскар за странски филмови.
Интернет порталот Businessinsider.com на оваа листа ги смести филмовите кои покрај добрата забава ќе ни дадат и подобар увид во она со што се занимаваат спин докторите и стручњаците за маркетинг.
Во последно време сè почесто наидуваме на терминот „културен империјализам“ во рамки на академската расправа.
Илјадници новинари ширум целиот свет се занимаваа со приказната за австријката Наташа Кампуш, којашто со години била затворена во подрумот на својот киднапер како и со еден друг случај во којшто Јозеф Фрицл со години инцестуозно ги злоставувал своите деца.
Сиот свет одненадеж останува без електрична енергија и настанува хаос. Зад катастрофата стои непознат вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи.
Станува збор за 15-минутен документарен видео-арт на режисерското дуо Наташа Гелева и Јане Алтипармаков, во кое преку „slide-show“ проекции се прикажуваат одредени „пејзажи“ и отсликувања на невообичаени сцени од мрачниот фабрички амбиент.
Некои луѓе го поминуваат цел живот во заден план, како споредни ликови или статисти. Американската сестрана уметничка Миранда Џули, која нас позната како режисер на филмот: „Me and You and Everyone We Know“, реши да ги направи споредните ликови први, барем за кратко.
Двоиполчасовниот црно-бел филм е поделен во шест таблоа, а секое е наменето за по еден ден кој е пред нас, додека меѓу нив – барем мене ми се чини така – нема преголема разлика, бидејќи ја следиме дневната рутина на оваа двојка која преживува на работ на бедата.
Филмот „Ai Weiwei: Never Sorry“ за животот и творештвото на кинескиот уметник и активист премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал Sundance во јануари 2012 г.
’Филозофија во сите родови’ е документарен филм посветен на Џудит Батлер, а во изработка на АРТЕ, 2010 година. Ќе имате можност да го видите денес (понеделник, 26.12.) во просториите на ГЕМ клубот, со почеток во 20 часот.
Спилберг со „Тинтин“ се обидува да ескивира ново продолжение на серијалот за Индијана Џонс од 2008 г. кој корисниците на филмските интернет страници не го ставаат ниту меѓу 250-те филмови на сите времиња.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.