Томаж Мастнак во својата нова колумна вели дека порано изборите беа механизам кој ја гарантираше власта на народот, а сега тие станаа механизам со чија помош се деконструира, субвертира и разградува демократскиот систем.
Ако се изгубиш, најпаметно е да се вратиш на почетокот на патот. Така ја прераскажува старата поговорка малезискиот премиер Махатхир Мухамед. Во сегашната финансиска криза сите сме залутани, вели тој, а најзагубен е Западот кој повторно мора да размисли за некои основни работи.
Употребата на сила по дефиниција е бруталност, но бруталноста може да биде префинета. Во неа се изразува историскиот напредок и воедно претставува замајување за напредокот.
Брејвик убиваше за Европа и интелектуално го засноваше својот чин. Неговата идеја за Европа не е идеја која би ја имале сите Европејци, ама воопшто не е идеја која би имале само малкумина. Тоа е популарна идеја...
Европа може да се пофали дека ги спроведе тие промени на режимите без пролевање крв. Но зошто беа потребни овие промени? За да го спасат еврото. И од таа гледна точка пред себе имаме големо достигнување.
Сега се чини дека политичарите се двоумат меѓу две решенија на проблемот: или да дозволат движењето Окупирај го Волстрит само да си го отпее своето, или да го растурат.
Што е програмата без идеологија? Некој коментарот би рекол дека тоа е глупост. Но, кога таквата глупост ја поставува и ја обележува политичката позиција, тогаш таа добива нов, поголем квалитет.
Меѓу Европа и Грција има интересен однос. За подобро да го разбереме, треба да се погледне далеку наназад во историјата и митското минато. Грција важи за колевка на нашата култура и цивилизација. Добрите Европејци тоа често го обзнануваа.
Значи нашиот евротерорист можеме да си го замислиме како со часови и денови седи зад компјутерот и ја повторува copy/paste операцијата. Со своето пцуење создаде интелектуален привид и нижеше парчиња туѓи мисли.
Денес северњачките маси поднесуваат сè, а грчките маси настојуваат да постават граници на она што е сè уште прифатливо. Можеби најлошото е тоа што масите во северните делови на Европа се подготвени мирно да ги поднесуваат своите политичари.
Војната со зборови е на дело кога се расправаме, кога се тепаме со зборови. Зборот може да боли, но од зборовите – ако останеме само на нив – не тече крв. Во нашиот свет војни со зборови има сè помалку, но затоа има сè повеќе пролеана крв.
Речиси секоја политика денес е насочена кон тоа да нè доведе до степенот повеќе да не размислуваме за нештата кои го обликуваат нашиот живот.
Сметам дека во арапскиот свет нема автократија. Автократ на нашки се нарекува самодржец. Оние луѓе, кои медиумите во одредени периоди ги нарекуваат автократи, ниту владејат сами ниту сами се одржуваат на власт. На власт ги држиме ние. Тоа се наши луѓе.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.