Што е програмата без идеологија? Некој коментарот би рекол дека тоа е глупост. Но, кога таквата глупост ја поставува и ја обележува политичката позиција, тогаш таа добива нов, поголем квалитет.
Значи нашиот евротерорист можеме да си го замислиме како со часови и денови седи зад компјутерот и ја повторува copy/paste операцијата. Со своето пцуење создаде интелектуален привид и нижеше парчиња туѓи мисли.
Пожарот кој ја уништуваше кармелската природа, која заради биолошката разновидност е под заштита на Унеско, е еден од низата настани кои покажуваат како таканаречената војна против тероризмот ја намалува нашата сигурност и како нè загрозува.
Фердинанд Тунис бил интересен човек. Бил основач на социологијата во Германија. Го поставил на здрави нозе научното проучување на Томас Хобс, англискиот филозоф кој се смета за основач на модерните политички институции.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.