Реакција на Плоштад Слобода: Со ваквите хајки на режимот се криминализира секој граѓански активизам, а особено оној што е насочен против проектите на владата.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...
Владата на Република Македонија на својот интернет – портал денеска објави дека планира да изгради пет јавни куќи чии фасади ќе бидат во барокен стил.
Со доаѓањето на Барак Обама на власт, се очекуваше дека големата антитерористичка хистерија од ерата на Буш ќе заврши или барем ќе се ублажи, но се случи токму спротивното.
Се качив пред некој ден на Порта Македонија и сфатив дека оваа чудна карпа во центарот на Скопје со право го носи го своето име. Стои таму пред Трговскиот центар како насаден чуден чир и не служи за ништо. Потполно исто како што и Македонија стои во овој дел од Европа. Како слепо црево кое нема никаква функција.
Кога тргнав да го пишувам текстов, мислев дека анкетата за нова фасада на зградата на владата е завршена. Повеќе од 5 часа гласањето беше затворено, иако фактот дека „античкото“ решение сè уште добива гласови (по 10, 20, па и повеќе одеднаш) навестуваше дека не е сè готово.
Погледнете, уверете се сами. Зградата на ВМРО-ДПМНЕ има најгрда фасада во центарот на Скопје. „Пастирот“ слободно може да си распише конкурс, и стадото да му гласа дали сакаат барокна, хеленистичка, неолитска, фалангистичка фасада, или пак да им остане исто толку грда како што е сега.
Салтата на водачот ја доведоа земјата во салдо мортале. Славењето на независноста на Македонија е само камуфлажа за незаситноста на една сосема забегана олигархија.
Иако не е осамена, Македонија е лидер во Западен Балкан за манипулација со статистички податоци. Единствената цел на оваа „алхемија“ е сивата реалност да се представи во розова светлина.
Колку повеќе дрвја ќе засадиме, толку повеќе целулоза ќе добиеме. Колку повеќе целулоза ќе имаме, толку повеќе хартија ќе произведеме. Колку повеќе хартија ќе произведеме, толку повеќе писма ќе пишуваме.
Декриминализацијата на многуженството значи враќање кон македонските традиции, има благослов од верските лидери, експертите и феминистките и ќе ја подобри демографската и меѓународната состојба на Република Македонија.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.