2011 година ќе биде запаметена како време кога многумина претерано оптимистички Американци почнаа да ја губат надежта. Годинава веројатно ќе биде уште полоша. Над 7 милиони американски семејства останаа без покрив над главата.
Балонот се надувува, споровите траат, американската војска троши, „јужноамериканската медицина“ голта една земја по друга, а Кинезите порачуваат: „Подобро нестабилен развој одошто стабилна рецесија“.
Секогаш е добро ако при рака ни се најде непријател кон кој можеме да го насочиме своето незадоволство и сиот свој бес, па само тој непријател треба да го победиме или уништиме.
Бидејќи и понатаму трае економската стагнација која започна во 2007 г., сите се прашуваат која е причината за ваквата ситуација.
Уредништвото на американското списание Time го поставуваат ова драматично прашање во краткиот текст пишуван во сенка на должничката криза која ја зафати Европската унија, а која може да се одрази врз целиот свет.
Констатација дека во културата нема критериуми како се делат парите и дека и самата дејност е жртва на грандиоманијата на Груевски и компанијата е општа во стручната јавност.
Списанието Forbes објави интересни предвидувања од областа на политиката, технологијата, енергетиката, медицината и општеството за настаните на светско ниво во наредната деценија. Ако се остварат барем дел од нив, пред нас претстои бурно десетлетие.
Бидејќи не можат да се одвојат „добрите“ и „лошите“ страни на капитализмот, зашто се една иста работа, може да се заклучи дека Грција, еврото и ЕУ се нападнати од капитализмот.
Што се случува со Европа? Се чини дека доживува чудна преобразба. Кога читам вести, наместо за Европа или за Европската унија, сè почесто се пишува за еврозоната.
Како ќе реагираат Грците на европското настојување за промени? Сега-засега, пазарите се смирија. Безредијата во Атина ја изгубија силата. Но ова привремено примирје во Грција беше скапо платено – и ова не се однесува само на парите.
Она што го гледаме последниве децении е тоа дека јавната одговорност се префрла на приватниот сектор без видлива корист за заедницата. Како прво, приватизацијата е неефикасна.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.