Славој Жижек пишува како Бил Гејтс стана најбогатиот човек во Америка: неговото богатство нема врска со тоа што Мајкрософт произведува добри програми по пониски цени од конкурентите.
Минатата година 18 доселени кинески работници се обиделе да се самоубијат во погоните на Foxconn во Кина. Сите биле на возраст меѓу 17 и 25 години. Зошто овие млади луѓе во најпродуктивните години се откажале од животот?
Шокантните вести за последните процени на потенцијалното минерално богатство на Авганистан, кое делумно веќе беше познато, но сега е потврдено, веќе се премолчуваат како можни извори на нови проблеми во оваа земја.
Основната неможност која ја одредува човековата состојба е неможноста за сексуална врска. Затоа, не чуди тоа што „Аватар“ ја следи холивудската формула за производство на парарезигнираниот бел херој кој сексот го наоѓа дури меѓу дивјаците.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.