„Ова е посветено на бубашвабата која живееше исполнет живот. Почивај во мир, мало пријателче“, гласи пораката на проектот наречен Bug Memorials на американскиот колектив Carmichael Collective.
Преселувајќи се поради студиите од Сеул во Њујорк, од традиционална корејска куќа наречена ханок во типичен стан во њујоршка зграда, корејскиот уметник До-Хо Сух, длабоко бил повреден од разликата во животниот простор.
Ви го претставуваме проектот на герилско градинарство, што нема да ви донесе градинарски плодови на маса, но ќе помогне да се актуелизираат одредени важни прашања кои постојат во сите поголеми градови.
Ви ја претставуваме инсталацијата на оригами уметникот Џозеф Бу направена во соработка со уметничката група „Материјална Интеракција“ , а изложена во Аквариумот во Ванкувер.
Погледнете ги во продолжение Баге и Гаго и начинот на кој тие ги oсвојуваат скопските улици.
Перформанс на германскиот уметник Борис Хопек во кој создава огромна бетонска маска.
„Методот на Абрамовиќ“ е насловот на новиот проект на Марина Абрамовиќ кој неодамна е отворен за јавноста во миланскиот музеј Padiglione d’Arte Contemporanea (PAC).Изложбата е отворена пред неколку дена, а на репертоарот ќе биде сè до 10 јуни 2012 година.
Со перформансот „Марионети“ на македонската уметница Ели Чочова, публиката се сретнува со несекојдневна визуелна и аудитивна инсталација на „живи предмети“ во просторот.
Иако начинот на цртање преку техниката „поврзи ги точките“ најчесто се поврзува со детските боенки или задачите во енигматските списанија, уметникот Томас Павит оваа едноставна техника ја подигна на едно сосем ново рамниште.
Стотина млади од 14 градови од Македонија, во саботата на 20-ти август, на улиците во Струга, ја демонстрираа моќта на младинското здружување и испратија охрабрувачка порака за слобода на изразување кон своите врсници.
Перформанс на Борис Каески во Виена, во знак на поддршка на протестите против полициски насилство.
Последниве четири години Вонфорд Сејнт Џејмс позира како мртов човек на различни локации во светот како дел од еден фотографски проект кој сè уште е во тек, а во кој тој го преиспитува нашиот став кон смртта. Насловите на неговите фотографии ја дополнуваат апсурдноста на сето тоа.
Агустина Вудгејт во последно време ги посетува продавниците за облека и тајно зашива песни за различните парчиња облека.
Погледнете една прекрасна танцова изведба, наречена „Make the Line Dance“, на танцувачката група 1024 Architecture. Се работи за игра со светлината, поточно, за усогласени движења на танчерот и проекциите врз неговата облека.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.