Неодамна во Виена, во 87-та година од животот, почина истакнатиот архитект, Богдан Богдановиќ. За неговото дело зборува Иван Ристиќ, познавач на големиот, но и запоставен опус на Богдановиќ.
Пренесуваме еден текст од хрватското списание Зарез, во кој авторот го анализира поставувањето споменици во Загреб. Текстот е важен и за нашиот актуелен контекст.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.