Разговараме со Антонио Бандерас, еден од главните ликови во филмот „Кожата во која сум“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, за самиот филм, но и за неговото видување на кризата во Европа, за иднината на ЕУ...
Копола зборува за своите најпознати филмови, за паузата меѓу филмовите која траеше десетина години, за Вуди Ален, за своите две деца кои тргнаа по неговите режисерски стапки, за успесите и неуспесите, како и за многу други нешта.
Во живо, 63-годишниот јапонски филмаџија не делува застрашувачки како во своите жестоки и насилни филмови - низок е, симпатичен и малку необичен за Јапонец.
Режисерот на некои од најзабавните и најколоритни филмови, кој досега одбиваше да користи компјутерски специјални ефекти, во мигот кога му беше понудена режијата на „Алиса“, знаеше дека ќе се впушти во 3D авантура.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.