Проектот “За слободното убедување дека властите не треба да се предизвикуваат - 2” на АГТИС ги третира двете основни човекови права - право на слободно изразување и право на слободно собирање, како и НВО инструментите и нивната видливост.
Како најголем недостаток во процесот на европската интеграција се наведува неисполнувањето на индикаторите од Ревизијата на Пристапното партнерство 2010, како и нападите врз Уставниот суд и невладиниот сектор.
Ние, иницијаторите на „Граѓаните за европска Македонија“, ја известуваме јавноста дека одлучивме да го поддржиме протестот што ќе се одржи в недела на 27 јуни, со почеток во 20.00 часот, пред Владата на Република Македонија.
Стаписани сме пред агресивноста, арогантноста и лудилото на ВМРО ДПМНЕ и на нејзините измеќари. Крајно сме загрижени од можните последици на разузданиот национализам, карикатуралното митотворство и расипништвото коишто под обландата на „градителство“ сакаат да го претворат центарот на Скопје во бизарен етно парк.
Почитувани,
Со тешко срце ве известуваме дека Плоштад Слобода нема да учествува на утрешниот протест.

Автор на фотографиите: Александар Гроздановски.
Во саботата, на 26.12.09., екипата „Плоштад слобода“ во центарот на Скопје одржа протестен перформанс против забегувачките градски политики и на локалната и на централната власт.
Транспарентност Македонија го одбележува меѓународниот ден за борба против корупција со :
Толеранцијата значи почитување на човековите права и слободи, отвореност за различноста, но и владеење на правото и хармонизација со стандардите на Европската Унија и меѓународните конвенции.
Културно лоби ве поканува да дадете придонес со вашите гледишта на интернет страницата theculturelobby.com. Оваа анкета ги истражува сегашните и идни ситуации што ќе ги наметнат евроинтеграциите.
Еве ги шестте наградени дела од конкурсот за разгледница со мотив: плоштад „Македонија“! На увид! Но и за задоволство, се разбира!
Конечно решивме кои шест автори ќе го поделат паричниот фонд на нашиот конкурс!
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.