Наскоро во издание на Темплум, во едицијата Градот, ќе излезе книгата „Градот и иднината“ на српскиот архитект, скулптор и професор по архитектура Богдан Богдановиќ. Денес објавуваме извадок од текстот „Изгубениот град“.
Духот на утопијата на поединецот не му го признава правото на посебност, па таквото право не го препушта ни на градовите. Сите утописки романи исцрпно опишуваат исти гранитни куќи, застрашувачки трајни гранитни институции и гранитни мензи...
Часови за читање на градот се подаруваат на туристите, а другите жители се задушуваат и губат во привидниот, псевдоградски текст без вистинско значење. Станува збор, за физичка превласт, но и за семантичка ентропија на Градот на вториот.
Во своето долгогодишно другарување со градовите откривав, со уживање на сладокусец, одблесоци на Фиренца во Минхен, на Венеција во Амстердам, на Амстердам во Санк-Петербург...
Ако се прифати дека градот навистина може да се чита, тогаш првата и најголема тешкотија претставува не само изобилието на знаци (како на пример во кинеското писмо), туку и загадочноста на запишаното.
Од книгите на Богдан Богдановиќ, во кои тој градот го анализира на пресекот меѓу конкретното, архитектонски измерливото и поетското, апстрактното, метафорички неизмерливото, денес објавуваме уште еден текст...
„Во еден миг Европа на градовите навистина постоела и иако привидно поделена со десетици, стотици симболични гранични премини, била повеќе единствена отколку што е денес.“ Вториот дел од текстот на Богдан Богдановиќ „Градот и иднината“.
Од книгата „Градот и иднината“ на Богдан Богдановиќ ви го пренесуваме првиот дел од истоимениот текст. Утре следува вториот дел, а во следниот период ќе преведеме неколку текстови од овој архитект, чии размислувања се важни и за нашиот контекст.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.