Први мај е, луѓе. Некои мавтаат со црвен каранфил, други делат картони, трети гнетат грав... Нигде крик, бес, оние коктели кои би можеле да ни го исполнат срцето и да внесат светлина во нашите градови.
Своевремено кога некој вработен во фирма со над сто вработени ќе доживееше, на пример, 20-годишен стаж, можеше да очекува златен часовник од колективот. Денес (20 години стаж не се задолжителни) може да очекува да биде прогласен за технолошки вишок или во најдобар случај - да добие инфаркт.
Македонија станува земја на службеници и на земјоделци. Уште поточно би било да се каже дека стануваме држава на невработени и на социјални случаи.
Ни ветија преродба, а добивме мизерија. За тие што не веруваат во ова тврдење, државната статистика е тука за да ги отрезни. Ако сакаат да бидат отрезнати.
Кризата во еврозоната покажа знаци на поделба во европското семејство, посебно по прашањето на Грција, која е изложена на остри критики. Дали Грците живеат над своите можности?
Минатата година 18 доселени кинески работници се обиделе да се самоубијат во погоните на Foxconn во Кина. Сите биле на возраст меѓу 17 и 25 години. Зошто овие млади луѓе во најпродуктивните години се откажале од животот?
Уште во далечната 1949 г. Алберт Ајнштајн го напишал следново: Дали е умно некој кој не е стручњак за економски и општествени прашања, да го искажува своето мислење за социјализмот? Поради низа причини верувам дека е.
Бидејќи не се Евреи, не можат да добијат израелско државјанство и не можат трајно да го решат својот статус. Oвој проблем се дефинира како избор меѓу ционизмот и човечноста. Многумина се прашуваат дали државата која се дефинира исклучиво како еврејска е осудена да биде и расистичка?
Живата социјална имагинација сега се троши на т.н. реални утопии кои, како и истоимената политика, се обидуваат да покажат дека општеството може утописки да се поправи без да излезе од своите основни идеолошки параметри.
Како што е веќе познато, Сојузот на Синдикатите навлегува во нови води и се обидува себе си да се вметне како некој актер кој којзнае колку може да ја подобри ситуацијата на полето на економскиот развој, невработеноста и социјалниот дијалог и колективното преговарање.
Економската криза во Грција потсетува на античка трагедија (барем за грчкиот народ) помешана со лоша треатарска фарса (сега веќе поставена во име на европската и грчката буржоазија).
Голем идеолог, промашен научник или генијален пророк? Карл Маркс со своето животно дело „Капитал“ трајно се врежа во историјата на човештвото. Дали неговата анализа на општествените односи е исправна или промашена?
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.