Во книжарницата „Матица“ во Скопје забранети се за продажба одредени книги на Темплум. Една од нив е книгата на Пандалф Вулкански, „Никола Груевски: 250 хаику“.
„Гледај - се симнале облаците / меѓу децата! / Шеќерна волна во Луна Парк.“ 20 хаику песни од македонската поетеса Нина Андова.
Шведскиот поет Томас Транстромер е добитник на Нобеловата награда за книжевност за 2011 година поради, како што соопшти Кралската шведска академија, „згуснатите, проѕирни слики со кои ѝ дава свеж пристап на реалноста“.
Никола Груевски испишува 250 провокативни хаику, со раката на Пандалф Вулкански! Ретко видено удвојување на ракописите и перцепциите...
Џек Керуак (1922-1969) е еден од најзначајните американски бит поети. Тој вели: „Хаикуто, над сè, мора да биде едноставно и ослободено од секакви поетски трикови; тоа треба да створи мала слика, да биде воздушесто и грациозно како пасторала од Вивалди.“
Жарко Кујунџиски е авторот кој за себе смета дека неговото творештво е како „Бумбаровиот лет“ на Корсаков – лежерно и бесно се движи каде што ќе му текне – романи, драми, хаику, поезија, хибридни форми, есеи и раскази. Тука го претставуваме со дваесет хаику песни.
Триесеттина хаику песни од младата Драгана Евтимова. Станува збор за малку нетипични, рефлексивни хаику песни, често со крај кој не изненадува, па оттаму дејствува уште позачудно. Убава комбинација на поетски слики и детска фантазија.
Објавуваме 20 хаику песни од македонскиот поет Никола Маџиров. Песните се избрани од неговата поетска збирка „Асфалт, но небо“, издание на издавачката куќа Темплум.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.