Книгата го обработува симболичкиот конфликт помеѓу Македонија и Грција по однос на историските права врз античкото минато и неговите симболи, вклучително и самото име Македонија.
Во книгата Детство, лето, град се собрани песни, раскази, сеќавања, интервју кои се обединети околу темата детство. Може слободно да се каже дека детството, всушност, е една од најголемите опсесии на Влада Урошевиќ.
„Најдобриот расказ на светот“ претставува избор од најрепрезентативните раскази на Радјард Киплинг. Во книгата се забележува целата умешност на неговото раскажувачко мајсторство.
Творештвото на Матош е на некој начин пресвртно во историјата на хрватската книжевност: слободно може да се каже дека без неговите остварувања, посебно на полето на критиката, есејот и поезијата, не би постоела денешната хрватска книжевност.
Издавачката куќа „Икона“ со задоволство ви го најавува гостувањето на култниот писател Давид Албахари!
„Пат околу светот во 20 раскази“ претставува антологија на светскиот расказ од втората половина на 20-тиот век. 20 застапени раскази нудат патување низ разновидните раскажувачки преокупации, поетики и жанрови кои доминираа со оваа форма.
Романот „Наспроти” се смета за библија на декаденцијата. Оваа книга била пример и поттик Оскар Вајлд да го напише својот познат роман „Сликата на Доријан Греј”. Рускиот филозоф Николај Берѓаев изјавил дека овој роман е најзначајното дело на современата француска книжевност (мислејќи на почетокот на 20-от век).
Во рамки на Неделата на забранети книги, која еднаш годишно се одржува во САД, на полиците се враќа илустрираниот роман од 1906 г. „Дневникот на Ева“ од американскиот писател Марк Твен.
Вител во Витлеем е првата збирка раскази на Марта Маркоска, која следи по нејзината збрика поезија Сите притоки се слеваат во моето корито. Излезе во издание на Темплум.
Јарослав Хашек (1883-1923) е најпознатиот чешки хуморист од првата половина на 20-от век. Книгата „Шашави раскази” е избор од неговите најдобри куси раскази, заедно со подолгиот циклус раскази „Командантот на градот Бугулма”.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.