Сите му даваме предност на она што е пријателско, искрено, љубезно, пристојно. Но во овој кошмарен свет, сè подлабоко проткаен во криза, во кој сè е доведено во прашање, пријатното може да биде лажно, бидејќи лицето на тиранијата често е насмеано, префинето.
За Диоген, веројатно најпознатиот антички киничар (циник), постои и оваа приказна: додека еден ден се сончал во буре, кое го сметал за свој дом, во посета му дошол Александар Велики. Лут заради тоа што некој му го нарушува мирот, Диоген му одговорил: „Ми го попречуваш сонцето. Губи се оттука!“.
Тоа е она што прави уништувањето да не изгледа толку шокантно. Те одржува до следниот ден. Те опушта навечер. Ти предизвикува кошмари, ти дава соништа. Тоа си ти како купуваш кога си депримиран. Тоа е чувството што го имаш дека нешто недостасува.
САД отсекогаш требаше да бидат „melting pot“. Канада, напротив, себеси се нарекува „мозаик“, што можеби укажува дека Канаѓаните страдаат од продолжена и постојана криза на идентитетот. Што значи да се биде „Канаѓанец“ наспроти (или истовремено) Квебек, Келт или Домородец?
Пред неколку години, за време на изборите, еден познат италијански новинар ги повика своите читатели да ги затнат своите носеви и својата граѓанска должност да ја исполнат така што ќе гласаат за партијата којашто тогаш беше на власт.
Нормалното не постои. Просечното не постои. Ние знаеме само за многу голема но веројатно конечна маса на засебни простор-време настани со кои сме се сретнале и сме ги доживеале...
Пред 10 дена Анархија/Блок 45 од Белград го издадоа јубилејното 10 издание од нивната „Породична библиотека“, кое според својот обем, имајќи ја предвид намерата, условите и начинот на издавање, може да се смета за своевиден подвиг. И овојпат станува збор за бесплатно издание.
Држам исечок од весник од 1996 год. Рабовите се искинати, страницата пожолтена. Насловот гласи „Мајка мечка напаѓа возови“. Возовите ги убиле нејзините два сина, па затоа оваа мајка гризли почнала да напаѓа воз по воз по воз.
Од денес на „Окно“ почнуваме со нова рубрика: Jolly Roger. Рубриката ја води Хајрудин. Првиот текст зборува за почетоците и поврзаноста на пиратските и анархистичките знамиња.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.