+18°C На Хаваите се покриваат со јорган.
+10°C Во зградите во Хелсинки го исклучуваат греењето.
+2°C Италијанските коли не можат да запалат.
0°C Дестилираната вода замрзнува.
-1°C Може да се види здивот. Русите пијат пиво и лижат сладолед.
-4°C Кучето ви се пика во кревет.
-10°C Француските коли не можат да запалат.
-12°C Политичарите почнуваат да зборуваат за бездомниците.
-15°C Американските коли не можат да запалат.
-20°C Може да се слушне здивот.
-24°C Јапонските коли не можат да запалат
-28°C Кучето ви се пика во пижамата.
-29°C Германските коли не можат да запалат.
-30°C Ниедна нормална кола не може да запали.
-36°C Руските коли не можат да запалат.
-39°C Русите ги закопчуваат сите копчиња на бундите.
-50°C Колата ти се пика во кревет.
-60°C Жителите на Хелсинки се смрзнуваат. Во Москва почуваат да носат шубари.
-70°C Се смрзнуваат и во пеколот. Универзитетот во Новосибирск организира крос-кантри.
-72°C Адвокатите ги пикаат рацете во сопствените џебови.
-120°C Алкохолот замрзнува. Русите почнуваат да стануваат нервозни.
-273,15°C Апсолутна нула. Се прекинува движењето на елементарните честички. Русите лижат смрзната вотка.
Доаѓа малиот Ѓокица дома и целиот среќен му вели на татка си: „Тато, тато! Слушнав еден многу добар виц за полицајците!“
А татко му му одговара: „Ама, Ѓокица, добро знаеш дека и јас сум полицаец“.
„Немај гајле, тато, ќе ти го раскажам многу бавно.“
Паметен маж + паметна жена = романса.
Паметен маж + глупава жена = афера.
Глупав маж + глупава жена = дете.
Глупав маж + паметна жена = шопинг.
Како што ни е добро познато, луѓето сакаат да се шегуваат. Меѓутоа, не се сите поедаднакво надарени да се шегуваат. Некои луѓе со своите шеги предизвикуваат смеа и одобрување во друштвото, додека шегите на оние другите знаат да касаат полошо и од отровна змија.
Оди некој човек во црква на исповедање.
- Прости ми, оче, згрешив.
- Што направи, синко?
- Бев со курва.
- Да не беше со онаа од книжарницата преку улица?
- Не.
- Да не беше со госпоѓата што работи во трафиката на раскрсницата?
- Не.
- Да не беше со келнерката во кафеаната зад нас?
- Не.
- Добро, добро, не е битно. Кажи десет оченаши и немој да го правиш тоа повеќе.
- Фала, оче.
Потоа човекот излегува надвор и му се јавува на пријателот по мобилен:
- Ајде, доаѓај, дознав три нови адреси.
Му се јавува докторот на некој пациент:
- Имам две вести за вас: една добра и една лоша.
- Кажете, докторе.
- Ви остана уште само еден ден живот.
- Страшно - вели пациентот. - Па, што може да биде полошо од тоа?
- Се обидувам да ве добијам на телефон уште од вчера.
Ајнштајн умира и оди во рајот каде што го информираат дека неговата соба сè уште не е подготвена. „Се надевам дека нема да ви пречи да почекате во заедничката спална“, му вели портирот.
Потоа го води до спалната и го преставува на сите присутни станари. „Видете, овде е вашиот прв цимер. Тој има коефициент на интелигенција 180!’
„Прекрасно!“, вели Алберт. „Може да дискутираме за математика!“
„Ова е вашиот втор цимер. Неговиот IQ е 150!“
„Прекрасно!“, вели Алберт. „Може да дискутираме за физика!“
„Тука е вашиот трет цимер. Тој има IQ 100!“
„Прекрасно! Може да дискутираме за најновите театарски претстави!“
Тогаш друг човек ја фаќа раката на Алберт и ја стега.
„Јас сум вашиот последен цимер и многу ми е жал, но мојот IQ е само 10“.
Алберт му се насмевнува и вели: „И, кога ќе ја изградите црквата на скопскиот плоштад?“
Јавен тендер за копање тунел. Се отвораат понудите. Првин се отвора пликот на германската фирма. Излегува претставникот на фирмата и го презентира проектот. „Копањето на тунелот ќе го вршиме од обете страни на ридот и ќе се споиме кога ќе се сретнеме на средина. Цената е можеби малку повисока, ама затоа веројатноста да се сретнеме, благодарение на технологијата Made in Germany, изнесува неверојатни 95%“.
Следниот плик е на американска компанија. Излегува и американскиот претставник: „И ние ќе копаме од обете страни на ридот и ќе се сретнеме на средина. Нашата цена е повисока од германската, но веројатноста да се сретнеме е неверојатни 99,5%“.
Третиот плик е понуда на фирма од Македонија. Излегува Цветко. „Слушајте, господа, ни ние не сме мачкина кашлица. И ние ќе копаме тунел од обете страни на ридот. Нашата цена е половина од цената на Германците, а што се однесува до сретнувањето, тоа кај нас иде вака: ако се сретнеме - ќе се сретнеме, ако не - ќе имате два тунела!“
Плавуша носи саат куде саатќију за поправку. Саатчија прашуе:
- Што е проблем с’с саат?
- Не работи, батерија му е истрошена - вика плавуша.
- Ама ов’ј саат работи на навивање - вика саатчија.
Плавуша излегла од дуќан:
- ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ НАДВОР НА ТЕРАСА...
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.