„Утрински весник“ вчера одби да ја објави колумната на својот редовен колумнист Мицковски. Ја објавуваме на порталот Окно.
Брејвик е екстремната манифестација на еден тумор кој подолго време веќе метастазира во европските општества. Подемот на одредени групи од екстремната десница создаваат атмосфера која лесно може да ги поттикне психолабилните индивидуи кон гестови на екстремно и неограничено насилство.
Кога бил запрашан што мисли за весникот, Гринвуд одговорил: „Почнав да го разгледувам и веднаш го фрлив во ѓубрето. Потоа помислив дека можеби мојот готвач ќе го пронајде и ќе го прочита, па решив да го запалам“.
Ивор Мицковски: Една од најважните врски, онаа меѓу јавноста и медиумите, е раскината за сметка на врската меѓу медиумите и власта. Но, на тој начин скината е и врската меѓу луѓето и моќта, меѓу луѓето и власта, меѓу власта и одговорноста.
Се наметнува прашањето кои се или кои ќе бидат победите кои нашата Влада во иднина планира да ги слави. Повторно се јавува тој парадокс, една држава, која поради антисистемот на власта, бележи неуспеси и порази на сите полиња, е приморана постојано да продуцира победи.
Со своите бесконечни серијали на ДА, власта сака да ја маскира капитулацијата на својата програма. На тој начин мисли дека ќе ја сокрие неуспешноста на преродбата и изгубениот легитимитет и кредибилитет кај граѓаните.
Хрватска е изложена на тешка и болна операција – мора да ја ревидира својата историја. Да го направат тоа современиците, кои се убедени дека биле жртва на српската агресија, е тешко, практично - невозможно.
Убеден сум дека пред апокалиптичната катастрофа која ја погоди јапонската земја и народ, сите ние почувствуваме една силна, на граница на болка, емоција. Големите катастрофи не ги растураат само животите на луѓето, туку ги рушат и нивните сфаќања.
Врската помеѓу патриотизмот и среќата е особено истакната во сиромашните земји и оние од Истокот или онаму каде тешкиот живот води во потрага по заеднички идентитет, како замена за личната несреќа.
Ако некој феномен ме фасцинира тогаш тоа е способноста на нашите преродбеници константно да изведуваат суперлативи од негативноста. Овде сакам да се позанимавам со еволуцијата на популизмот, демагогијата и фасадната демократија на нашата власт.
Живееме паралелна држава, како што живееме паралелна свест. Во оваа земја власта е таа која протестира против опозицијата. Задоволните земјоделци протестираат против незадоволните, судиите ги обвинуваат адвокатите за списоци за отстрел. Во оваа земја, никој освен задоволните нема право да протестира.
Ако вака продолжи, младите од Македонија ќе мора нешто да направат. Нив не ги задушува само материјалната состојба, туку ќе им пречи душевниот немир, затвореноста на нашето општество, монополот врз сите политички, економски, општествени или интелектуални права.
Секој режим ги употребува аргументите кои му се корисни за сопствената цел. Диктатурите тоа најчесто го прават преку стапот и стравот, нелибералните демократии преку популизмот и ограничувањето на дијалогот.
Се чини дека нашата власт воопшто не работи, туку само создава перцепција дека нешто прави. Токму затоа што не се работливи, тие лесно забегуваат во минатото или нè водат во некоја бедна иднина, а како резултат на тоа, најмалку внимание и посветуваат на реалноста.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.