„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин
Кај нас е како во оној стар советски виц, кога на улица фатиле некој човек кој делел празни листови хартија како летоци. На прашањето зошто ништо не пишува на нив, тој одговорил: а што да пишува кога и онака сè е јасно?
Уништувајќи го нашето модерно наследство груевизмот го прави истото она што соседните пропаганди го прават со децении, тврдејќи дека македонизмот е вештачка творба.
Германците ја имаат таа убава пословица: mitgegangen, mitgefangen, mitgehangen - заедно оделе, заедно биле фатени и заедно обесени.
Салтата на водачот ја доведоа земјата во салдо мортале. Славењето на независноста на Македонија е само камуфлажа за незаситноста на една сосема забегана олигархија.
Ерик Хобсбаум, најголемиот жив историчар, е врсник на Киро Глигоров. Обајцата биле родени во 1917 година.
После три и пол години интензивна антиквизација на земјава, што очекуваше Груевски од Грците?! Песни да му пеат?! Да му ги простат националистичките испади само зашто и самите прават такви?!
Дали сме опседнати, сите ние, а посебно аналитичарите на политиката и на општеството, од Никола Груевски?! Несомнено, Груевски е далеку најспомнуваната личност кај нас, и во медиумите и во разговорите меѓу граѓаните.
На Македонија ѝ се случи трикот од филмот „Индијана Џонс“, кога Инди го краде златниот идол од постољето осетливо на промена на тежината и вешто го заменува со вреќа песок.
Некогаш за фасадната слика на поредокот се зборуваше како за „ждановистичка стварност“. Што е тоа? „Тоа е егземпларна лага“, велеше Василиј Гросман, „тоа е свет-одливок“.
Три причини поради кои провалниците се серат: првата е краен презир - да ти се серам на куќата. Втората е потврда на слободата. Третата е растоварување од целата работа - земав некои твои гомна и ги оставив своите.
Пред партискиот подмладок водачот некни уште еднаш згрме против „досега незабележаната медиумска хајка од една мафијашка структура, која, држејќи во заложништво група новинари, сакаше да и’ ја скрши кичмата на Македонија“.
Значи, после пет години безмилосно и непрекинато (24/7) миење мозоци, дојдовме до тоа дереџе груевизмот да го прогласиме за основна мерка на стварноста. „Чесен е човекот, знае со народот, и многу работи.“ „Важно да се гради, педесет години ништо не се градеше.“
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.