Копач

Копачот: Ете ја, кога дојде, кога пројде, 2010-та на издишка! Испапсана се влечка кон целта, истрошена од нас, а и ние од неа. Што ни донесе, што ни однесе, беше ли бериќетна, што научифме?

29.12 11:49

Копачот вели дека седиштата на партиите од власта ги запоседнале духови. И не само што запоседнале партиски штабови и седишта, ами и им предизвикуваат ноќни мори на политичарите во сите ешалони, по вертикала и хоризонтала, каде и да се, со кого и да се.

22.12 12:37
1

Медиумите ни се циркус, а нивните газди само ни ги продаваат картите за него. А ние, иако вечни мрчатори и скептици, го гледаме тој циркус одново и одново, и со својот дистанциран и пасивен сеирџизам учествуваме во неговата репродукција.

15.12 12:32

Копач: Генерално, сите ние, како општество, имаме проблем со законот - во смисла дека не разбираме што е поентата на законите. Законите во ова општество не се средство за спроведување на редот и правдата туку средство за вертикална контрола.

01.12 12:03
3

Кога Гилгамеш, легендарниот сумерски принц и авантурист, се враќал од своите опеани талкања, најпрвин се симнувал во водата на одбранбениот круг околу тврдинит

30.11 13:42
ПрилогГолемина
036-Gradot-1-Nered-i-groteska.pdf3.75 MB

И тргам перде, што да видам, надвор наврнал патриотизам до колена!!! Ајдеее! И се’а што правиме? Врнело, врнело патриотизам и се заборавило од врнење... Па тоа напаѓало врз грбот на трошните куќи на комшиите, си мислиш, секој миг ќе ги срамни со земја.

24.11 12:50
4

Копачот го анализира извештајот на Европската комисија за Македонија. Меѓу другото, тој вели: како ли би изгледало ние граѓаните да ги правиме овие извештаи? Од 90-та досега немаше да има позитивен, ве уверувам!

10.11 13:15
4

Во смисла на критиките на сметка на ЕУ, на политичката и интелектуалната сцена кај нас доминираат ала Ден Браун мистичари во некакво квази-журналистичко, пара-интелектуално глодење на тема ЕУ, заговор, неправди...

03.11 11:17

Сè додека како општество не разбереме дека не е нормално да стоиме на глава затоа што тие така ни кажале, нашата работа не е завршена. И сè додека ни р’чкаат во нашите од Бога дадени слободи, сите ние на браникот на граѓанштината мора да ви враќаме.

27.10 10:48
31

Според Копачот, земјава сè повеќе наликува на едно огромно реално шоу. Граѓаните ги исполнуваат сите услови за учество (па дури и за победа) на една ваква „забавно-едукативна“ емисија.

20.10 09:33
11

Да можеа да ги бираат своите паши на избори,
нашите претци ќе можеа да живеат
во горе-долу ист општествен систем со нашиов.

13.10 09:18
2

Живееме во време кога работите се прилично измешани на многу планови, а многу ненормални работи се прифатени како вообичаени. Да не ги набројувам, ги знаете, ги знаеме.

06.10 11:17

Така е секогаш кога се работи за името, веднаш се разигруваат пеперутките во нашите стомаци: сè се поттурнува настрана, сè друго станува неважно.

29.09 10:30
2

Она што кај другите се сретнува само во светот на фикцијата, кај нас се среќава во премрежјата на реалноста. Deus ex Machina е еден од почестите начини на наше логицирање, за тоа како треба или како може да излеземе од лавирините на сопствените проблеми...

22.09 10:55
4

Препорачуваме

Доба на периките

„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.

Меѓу популизмот и демократијата

Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.

Умберто Еко

Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.

Страв од казна

Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.

ОкоБоли главаВицФото