Како ќе нè памети историјата? Какви мештани, а какви граѓани сме ние? И дали сфаќаме што е тоа град - простор и форма на човечка организација по дефиниција отворена за сите.
Точни тристотини години по смртта на Галилеј се роди Стивен Хокинг. Теориски физичар и космолог со дарба за пишување кој неодамна ги вознемири духовите на јавноста на истата тема како и неговите големи претходници.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.