Уште одамна луѓето биле свесни за моќта која се ослободува преку користењето одредени симболи, па поради тоа со големо внимание ги користеле во верски обреди и за време на управувањето со државата.
Зборот „пропаганда“ е еден од клучните термини во Хитлеровото дело „Мојата борба“. Откако Хитлер воспоставил контрола врз медиумите, Германија била преплавена со нацистичка пропаганда која влијаела на таков начин што за мнозинството луѓе било сосем прифатливо насилството кое следело.
Многумина денес ги изедначуваат нацифашизмот и комунизмот, прогласувајќи ги злосторниците за исти и ставајќи знак на еднаквост во нивната злосторничка природа. А тоа, едноставно, не е така.
После целиот (изминат) век на воспитување на народот за потполна послушност спрема навидум спротиставените тоталитаризми и спрема шарениот, но не и безопасен тоталитаризам на капитализмот, да всадиш бунт како граѓанско однесување е тешка и долга задача, вели Светлана Слапшак.
Фотографијата на еден човек со скрстени раце – кој одбива да ја крене раката во знак на нацистичкиот поздрав во Хамбург во 1936 година – го обиколи светот благодарение на една Фејсбук страница во Јапонија.
Во февруари 1939 година, на берлинското автошоу, Адолф Хитлер одржал говор за зголемениот број на сообраќајни несреќи на улиците низ Германија. За монструм кој испланира уништување на цели нации, заштитата при патување изгледа како чудна преокупација.
Нашите три основни поими – раса, нација и религија – својата модерна валенција ја црпат, најверојатно, од два кратки мига, две кратки тематски констелации, во кои сите три пронаоѓаат нова појавност и нова деклараторна сила.
Вознемирува што дури и антинацистите и антифашистите хомосексуалците ги третирале на начин кој бил идентичен со нацистичката слика за геј личностите.
20 век беше век во кој репресијата и прогонот на хомосексуалците добија најсурова форма. Мојот конкретен пример ќе се однесува на најсериозниот прогон на хомосексуалците во современиот свет...
Сакаме пишување кому повторно светост ќе му бидат семејството и татковината, народот и крвта, целото постоење на набожни врски што ќе нè одгледуваат во духот на општественото чувство...
Порастот на неонацизмот е загрижувачки тренд во Германија, а најдрастичен пример е местото Јамел во Мекленбург, 160 км од Берлин, каде што 99% од населението се нацисти и се гордеат со тоа.
Дека олимписките игри се многу повеќе од спортски настан им е јасно на сите. Најновата контроверза, овојпат идеолошка, е поврзана со Зимската олимпијада 2014 г. во Сочи, Русија.
Според германскиот весник Der Spiegel, Хитлер во Првата светска војна не бил херој туку таков го направила нацистичката пропаганда. Ни неговите радикалистички светогледи не биле поврзани во раните воени искуства, објави германскиот историчар Томас Вебер.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.