Видео клипови

Feist - The Bad in Each Other
03.02 10:57

  Видео клип

[video]

02.02 10:28
1

Распеаните Скопјани за прв пат излегоа да запеат надвор од Скопје и им дадоа поддршка на Велешани во борбата против рестартирањето на топилницата во нивниот град. Со гас маски на главите и црни шлајмови во градите, од голите ридови околу топилницата им порачаа на Велешани: „Breathe deep, while you sleep, breathe deep!“

Една масовна хипи-комуна, како што се и самите, не може да ја пропушти приликата да запее и за зелените прашања на нивниот град, особено кога се работи за песна од мјузиклот „Коса“. Па, истата песна ја посветуваат и на Скопјани прашувајќи ги: Дали чистите бели дробови имаат цена? Дали најзагадениот град во светот оваа зима е убаво место за живеење? Дали половните возила, фабриките, топланите и објектите во изградба се прифатлива цена за живеење во сив, наместо зелен град?

  Видео клип

31.01 09:34

 Фантастичните Prinzhorn Dance School денес го промовираат новиот албум наречен Clay Class, во издание на DFA Records. Првиот сингл Happy in Beats веќе доби и видео запис. 

  Видео клип

27.01 12:04
1

 Heima (Дома) е документарен филм за турнејата на Sigur Ros низ Исланд во 2006 година. Деновиве легнува како добар саундтрак за временските прилики кај нас. Иако атмосферата, енергијата, пејзажите, естетиката се светлосни години далеку од она што го имаме овде, сè што треба да направите е да исклучите ТВ, да ги стопирате фесјбук, твитер и другите „активности“ и да уживате со полни уши и очи. И да, не заборавајте да се запрашате - каде (з)греши(в)ме?

  Видео клип

23.01 11:50
1

 Распеаните се повторно во акција. Овој викенд пред Собранието испејаа песна за триумфот во мизеријата, јавниот линч и незаконските притвори на неситомислениците, покачените плати на функционерите и одбиената помош на стечајците.

  Видео клип

Препорачуваме

Доба на периките

„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.

Меѓу популизмот и демократијата

Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.

Умберто Еко

Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.

Страв од казна

Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.

ОкоБоли главаВицФото