Во последните три години многу политички гарнитури се одвеани од сцената. Банкарите се покажаа помоќни од политичарите – и покрај критиките за банкарската лакомост, сепак се променија повеќе влади отколку директори на банки.
„Излобира уште едно кадровско решение...“ „Побараа од мене да пробам да ги излобирам потребните средства“. „Со учество во овој проект настојуваме да излобираме актуелната влада да го препознае значењето на решавањето на ова прашање“.
Ако се прашате што е тоа, ќе бидете заплиснати со објаснувања дека денес коучингот игра важна улога во развојот на човечките ресурси (Human resource development) и дека наоѓа примена во сите сфери од нашиот живот.
Балонот се надувува, споровите траат, американската војска троши, „јужноамериканската медицина“ голта една земја по друга, а Кинезите порачуваат: „Подобро нестабилен развој одошто стабилна рецесија“.
Во новата, речиси механичка интернет комуникација, лајк (like) исклучиво значи дека нешто ни се допаѓа, дека го сакаме тоа, дека се грижиме за нешто.
Топ никако не е топ, артилериско оружје кое се користи уште од 14-от век. Топ ти е, братче, врв, највисока позиција. Топ може да биде оној главниот на врвот, но тој никогаш не е сам, секогаш се топ 10, топ 100, топ 14, повеќе одошто има богови на Олимп.
Кредитен рејтинг е збир својства на барателот на кредит, како што се положбата, имотот, работата и перспективата, врз основа на кои може да се процени неговата способност да го врати долгот навреме.
Ретро може да означува нешто старомодно, но најчесто опишува оживување на нешто од минатото, нешто што повеќе не е модерно, но може да биде ин.
Домино-ефект означува верижна реакција во која некој причинител предизвикува последици, а тие предизвикуваат нови последици и така со ред сè до крајот на веригата.
Секоја од кулите беше еден вид јајце составено од 95 % воздух, што објаснува зошто по урнувањето на зградата целиот отпад се урна на купче високо само неколку ката.
За бесните деца кои овој август тргнаа да ги палат Лондон, Манчестер и Лидс велат дека применуваат copycat криминал, т.е. причинуваат насилни акти кои се моделирани и инспирирани од сензационалистичкото известување за некој претходен криминал.
Хејтер е жаргонски андерграунд израз за кој некои мислат дека го донеле урбаните тинејџери кои слушаат хип-хоп. Сега велат дека е кул да се биде хејтер. Постариот жаргон, интересно, нема многу изрази за омраза: „Го фати на заб“, „Ти фрли око“, а има многу пцовки и навреди.
Прашан што сторил за да лежи 15 години во затвор, затвореникот вели: „А бе, ништо!“ – и добил една по муцката: „Немој да забушаваш, за ’ништо’ се добиваат најмногу пет години!“
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.