Вранишковски не беше актуелен случај ни тогаш кога беше актуелен случај. Како што уште пред неколку години една ваша колешка, жал ми е што во моментов не можам да се сетам за нејзиното име, убаво го опиша скандалот со Вранишковски: тоа е како сообраќаец да казни возач на „фиќо“ затоа што возел со брзина од 300 километри на час.
Митрополит Методиј, „Дневник“, 06.01.11.
Ние, луѓето од Црквата, не треба да забораваме дека сме повикани да ги даваме вистинските одговори уште пред да бидат поставени погрешните прашања.
Митрополит Методиј, „Дневник“, 06.01.11.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.