Ацо Гогов, прозаист и есеист, автор на прозните книги „Географија на маленкоста“ и „Единствен матичен број“. Живее и работи во Струмица. Ова се неговите одговори на нашиот прашалник.
Мартиновски е македонски поет и прозаист, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ во 2010 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. Тој, исто така, членува и во музичкиот етносостав „Баклава“.
Лидерот на ТБ Трачери, еден од најдобрите македонски бендови на сите времиња, луцидно одговара на прашањата кои Окно ги подготви за него. Меѓу другото, тој најавува и книга со избор од неговите колумни.
Камка Тоциновски е македонска актерка која глуми во театарски претстави и филмови. Својата последна улога ја одигра во филмот „Панкот не е мртов“ кој постигна успех на неколку меѓународни филмски фестивали.
Саша Станишиќ е млад режисер од Скопје, кој зад себе има неколку кратки филмови. Неговите одговори на нашиот прашалник се кратки, духовити, но сепак не се лишени од сериозноста која ја носат во себе.
Денес на 20-те прашања од прашалникот одговара македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, човекот кој сака да ги цитира Макавеев и Готовац, а доколку Скопје би бил голем трговски центар најудобно би се чувствувал на излезната врата...
На 20-те прашања од нашиот прашалник оваа недела одговара писателката Оливера Ќорвезироска. Прочитајте со кои 5 лика од книжевноста би сакала да вечера, кој цитат го повторила повеќе од 5 пати и како ја дефинира реалноста.
Нашата нова рубрика „Прашалник за...“ во која поставуваме дваесетина прашања на лица од нашиот јавен живот, ја почнуваме со добитникот на наградата „Новите!“ за 2010 година, младиот и талентиран писател Иван Шопов.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.