Според здравствените показатели – должината на човековиот живот, смртноста на доенчињата, бројот на лекари во однос на бројот на жители, Куба е на самиот светски врв, а на планот на превенцијата без конкуренција е прва.
Бројни медицински истражувања на „Боженствената комедија“ докажуваат дека писателот добро ја познавал медицината. Меѓутоа, никогаш не се занимавал со лечење. Зошто? Познато е дека се движел меѓу лекарските кругови од тоа време.
Во секој виц или шега постои образец во кој се создава обичен и лесно разбирлив наратив со соодветно значење. Тогаш „пресвртот“ го менува нашето мислење и ние реагираме со насмевка кога примаме нова и неочекувана информација.
Се очекува дека до 2049 г. со помош на оваа вештачки создадена бактерија ќе се дијагностицираат болестите како рак на дебелото црево, глисти, чир на желудникот, салмонелата и други, и тоа преку бојата на изметот.
Физичките промени во мозокот кои се поврзани со Алцхајмеровата болест тешко се откриваат пред да се појават клинички симптоми. Репрограмирани клетки од Алцхајмеровата болест отвораат пат за рана дијагноза и развој на лекови.
Истражувачи од Јужна Кореја конструираа микроробот кој може да се движи низ крвни садови. Во филмот „Фантастично патување“ од 1966 подморница со медицински персонал се намалува до микроскопски димензии и влегува низ крвните садови на дипломат за да го спаси неговиот живот.
Процесот на создавање рак (канцерогенеза) би можел да биде само една друга форма на специјација, односно создавање нов биолошки вид.
Wellcome images, еден од најголемите светски ресурси за медицинска фотографија, на 23 февруари ги претстави победниците меѓу своите најнови фотографски аквизиции. Претставуваме дел од нив.
Време е да откриеме дека учителите на децата им делат единици за да одат кај нивните пријатели на часови, свештениците никогаш не можеле да одолеат на волшебниот повик на парите, а лекарите на фантастичните понуди на фармацевтската мафија.
Развојот на современата медицина во изминатиот век го продолжи животниот век за повеќе од 20 години, па денешниот просек во светот се движи околу 67 години.
На почетокот на месецов италијанските хирурзи во градите на едно 15-годишно момче го вградија првото вештачко механичко срце. А дефиницијата вели: организмот кој покрај природните органи и делови содржи и вештачки, се нарекува киборг.
Списанието Forbes објави интересни предвидувања од областа на политиката, технологијата, енергетиката, медицината и општеството за настаните на светско ниво во наредната деценија. Ако се остварат барем дел од нив, пред нас претстои бурно десетлетие.
Зборот ген претставува еден од симболите на модерната наука, а го означува делот на ДНК кој содржи инструкции за создавање протеини. Човекот има 20 000 гени, од кои дури 99% се исти со оние на шимпанзото.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.