Храброста која ја покажаа демонстрантите на Блискиот исток во текот на 2011 година не наиде на искрена подршка од светските лидери, се вели во извештајот за човекови права на Amnesty International.
Мислев нешто околу тоа дека како што човекот има потреба од излети и проветрувања, така и текстовите некогаш треба да бидат за нешто друго, а не за актуелните случувања.
Делови од предавањето нa Славој Жижек, одржано во Њујорк на 25 април 2012 г., во кое зборува за антисемитизмот, популистите, економската криза, протестните движења, залезот на капитализмот...
Група руски уметници, по акцијата на писателите, реши оваа сабота да организира прошетка по централните московски булевари.
Очекував дека ќе има антипротести и на оние фејсбук и твитер протести на кои момци и девојки испозалепија лажни пари од по сто евра на оградата на мостот кај „Холидеј ин“.
Моменталниот хаос во Грција можеме да го сфатиме како прво вистинско навестување на ескалирачката борба помеѓу демократијата и капитализмот.
Признавам дека очекував сè освен појава на маската на маскираниот одмаздник на улиците како израз на протест. Зошто, на пример, за уличен протест не е избран Зоро, чија маска е уште поедноставна?
Први мај е, луѓе. Некои мавтаат со црвен каранфил, други делат картони, трети гнетат грав... Нигде крик, бес, оние коктели кои би можеле да ни го исполнат срцето и да внесат светлина во нашите градови.
„Зарем не можеме да живееме заедно?“ е прашањето кое го постави младиот црнец Родни Кинг чијшто инцидент со полицијата предизвика незапамтени нереди во 1992 г. во Лос Анџелес, во кои настрадаа над 50 лица.
Гневните шпански власти порачаа дека Аргентина „самата себеси си пукала во нога“ со одлуката да го национализира шпанскиот дел во нафтената компанија „YPF“.
Додека војната за контрола над Интернетот се заострува, хакерските герили на разноразни начини се обидуваат да изградат паралелен Интернет, кој нема да може да биде цензуририран, филтриран или блокиран од страна на владите.
Четири активистки на групата за правата на жената од Украина „FEMEN“ се забарикадираа во камбанеријата на црквата Св.Софија во Киев во рамките на уште еден протест за подобрување на положбата на жената во светот.
Главните рударски конгломерати во Индија ја запоседнаа уметноста – филмот, уметничките инсталации и навалата од книжевни фестивали ја заменија опсесијата со изборите за убавина од 1990-те години.
Од денешна перспектива, повеќе од јасно е зашто дивите луѓе на ВМРО со копја и знамиња, пред полиција и камери, се дрзнаа да нè тепаат и (буквално) плукаат на плоштад. Реално, бил загрозен целиот тематски парк, не само црквата!
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.