Со победата над Металург, Вардар ја завери титулата првак на Македонија. Навивачката група Комити најави големо славје. Нашиот пара репортер го покриваше настанот и еве што пишува во неговите белешки.
Членката на друштвената мрежа Твитер под име shmizzla_s имала сексуален однос ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, дознаваат Пара вести.
Утрово во Скопје пристигна Филип Втори Австралиски, турист од Австралија кој сака да прошета низ центарот на градот.
На синоќешната седница на Собранието, премиерот на Република Македонија, магистер по економија и Претседател на Економскиот совет, господинот Никола Груевски, одлично го аргументираше својот став за лустрацијата.
По веста на британскиот национален сервис Би Би Си за можно чудовиште во Преспанското езеро, помалку познатиот македонски сервис Ми Жи Си известува за можна појава на чудовиште и покрај реката Вардар, близу Камениот мост во Скопје.
Холивудскиот режисер Тим Бартон и глумецот Џони Деп, денес во јавно обраќање до медиумите изјавија дека снимаат филм за животот и заедничката работа на Тим Бартон и Џони Деп.
Изабел Жефрој, пејачката на ЗАЗ, во ексклузивната изјава за Пара вести, неколку недели пред концертот во Скопје вели дека се радува што ќе настапи во Македонија.
Ова младо момче почувствувало дека добива напади на анксиозност и решило да посети приофесионалец, за чии услуги потоа се покажало оти нема пари.
Сè повеќе возачи сакаат да ја платат казната за прекршокот што го направиле наместо да платат мито и да поминат неказнето.
Бранот топло време кој веќе две недели трае во Македонија и Скопје, на отворено измами голем број первезњаци кои ги демнеат младите и старите луѓе.
Животот на Миле К. (26), студент на економскиот факултет, вчера некаде околку 20 часот непрестајно беше прекинуван од нотификации на Фејсбук, кои продолжиле да се појавуваат во следните четири часа.
Струмичанката Марија С. (21) е пријатно изненадена од искуството што го имала во средата, откако Милан К. (24), со кој имала секс и се јавил и ѝ предложил да се видат повторно.
МВР извести дека Мирјана Атиновска се среќавала со својот 16-годишен син во еден скопски парк, каде што со него водела нормални разговори.
Разгледница со мотиви од македонскиот град Охрид неодамна стигна до Стојан Макариевски во Скопје, педесет и четири години откако му ја испратила мајка му.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.