Од 2000 година продажбата на албуми паднала за речиси 400 милиони примероци. Се купуваат и незаконски се симнуваат mp3. Но не албуми, туку поединечни песни. Ни се заканува исчезнување на доминантниот формат на популарната музика од последниве 40 години.
Деновиве се навршуваат десет години од лансирањето на познатиот сервис за размена на фалјови „Napster”. За само две години од своето постоење овој сервис успеа радикално да го промени начинот на доаѓање до новите музички изданија.
Дека симнувањето песни од интернет е казниво дело на своја кожа најдобро го почувствува Џејми Томас-Расет. Имено, Сојузниот суд од Минесота ја прогласи 32-годишната Американка за виновна за незаконско симнување музика од интернет. Збунетата Американка е казнета со дури 80 000 долари по песна, а бидејќи симнала „дури“ 24 песни, вкупната казна изнесува 1.9 милиони долари.
Светската мрежа се развива динамично, и невозможно е да се изучи или опише во целост. Секој ден се појавуваат и исчезнуваат интернет страници, се губат и се наоѓаат информации. Секој обид да се организира овој хаос однапред е осуден на пропаст. Сепак, без оглед на сите тешкотии, лабораторијата Netcraft неодамна објави извештај во кој интернетот се претставува во бројки.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.