Според библиските преданија, Господ за шест дена ги создал небото, земјата, морето и се што е во нив, а потоа седмиот ден се одморил. Ама, еве, поминаа цели седум дена од свирепото злосторство покрај Смиљковското езеро.
Најголемото македонско чудо е што наместо да се обединиме како европски и граѓански Македонци, почнавме да се делиме како библиски Македонци, антички Македоноиди, како Дарданци или, пак, потомци на „Славе Македонски“ од раниот неолит.
Колку портпароли, весници, телевизии, портали има грујовата влада? Колку државни пари се истурени за новинарите-портпароли и за интернет-клеветниците со лажни профили?
Зборот „пропаганда“ е еден од клучните термини во Хитлеровото дело „Мојата борба“. Откако Хитлер воспоставил контрола врз медиумите, Германија била преплавена со нацистичка пропаганда која влијаела на таков начин што за мнозинството луѓе било сосем прифатливо насилството кое следело.
Во демократските општества се санкционира говорот на омраза. Правото на слобода на изразување не подразбира ширење на говор на омраза.
Нема да марширам за мир во сабота. Причината е: Не можам да трпам веќе лицемерие! Нема да марширам за мир заедно со хушкачи на насилство и поттикнувачи на етничка, верска и други видови омраза.
Зошто треба да се изгради споменик на Хефајстион, барем исто толку грандиозен колку и споменикот на Александар? Постојат најмалку 10 непобитни причини за тоа.
Терминот „Македоноиди“ беше промовиран од секретарот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Ниче Димовски во неговата „Македонска Молитва“ каде што лично Господ им се обраќа на Македонците.
Зошто Груевски тврди дека „се откажавме од грижа за нашето малцинство“ во Грција? Зарем со таквата изјава не се откажува од припадниците на македонскиот народ во Грција?
Припојувањето продолжува. Откако ВМРО-НП и ВМРО-Обединета се припоија кон ВМРО-ДПМНЕ, централниот комитет на ДУИ донесе одлука и „интегративците“ да се интегрираат во ВМРО-ДПМНЕ.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.