Да се разбереме, кога почна приказната со тужбите против Луковиќ, мислев дека не е во прашање никаква удбашко-мафијашко-поповско-државна завера против Петар, туку само неминовен резултат, хм, ај да речеме, на одредени стилски специфичности на неговите текстови.
Во нашиот филм беше малку поинакво – Анте ја разби госпоѓицата М. и нејзините поданици, and we lived happily ever after. Тоа што звучи како бајка, не значи дека не можеше да се случи. Во некој подобар свет.
Со последниот филм за Хари Потер генерации деца се простуваат со митот кој ја дефинираше нивната младост. Приказните за детето-волшебник од Хагворст, намерно или случајно, ги погоди во центар желбите и надежите на циничните и мрачни генерации емо дечишта на кои се чини им недостасуваше токму – магијата.
Неодамна го гледав одличниот филм на режисерот Метју Вон „Икс мен: Прва класа“, кој се навраќа во периодот на Студената војна меѓу САД и советскиот блок, и кој објаснува како настанале „икс луѓето“.
Апокалиптичните последици од нападите со нуклеарни бомби на Јапонија во август 1945 г. во голема мера го одредија начинот на кој јапонскиот народ и политичари ќе се соочат со минатото и ќе изградат ново, модерно општество какво што денес го познаваме.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.