Колумбискиот град Меделин е успешен пример за социјален урбанизам.
Преселувајќи се поради студиите од Сеул во Њујорк, од традиционална корејска куќа наречена ханок во типичен стан во њујоршка зграда, корејскиот уметник До-Хо Сух, длабоко бил повреден од разликата во животниот простор.
„Побрзо, повеќе, посилно“ е мотото кое ги следи современите Олимписки игри уште од нивните почетоци. Ви ја претставуваме корпоративната архитектура која се гради во Олимпискиот парк за игри во Лондон 2012.
Изненадувачките економски, но и општествено – културни промени кои се одвиваат во Народна Република Кина многу влијаеа на перцепцијата на Кина надвор и на самиот живот во државата.
Задолжителен мотив на секоја туристичка кампања за Холандија се лалињата, но сега ви претставуваме приказна во која главниот збор го имаат црвените јаболка. Всушност, една такво јаболко е заштитен знак на уметничкиот центар „de Appel“.
„Градот со илјада лица“ е еден од прекарите кои ги носи Марсеј. Имигрантите му го донесоа и прекарот „најголем град во северна Африка“, кој симболично укажува на културните врски на овој медитерански град со Африка.
Ловот или потрагата по декорирани јајца е традиционална игра за време на велигденскиот период која ја практикуваат широките народни маси, особено во англосаксонските земји.
Се очекува дека до 2049 г. со помош на оваа вештачки создадена бактерија ќе се дијагностицираат болестите како рак на дебелото црево, глисти, чир на желудникот, салмонелата и други, и тоа преку бојата на изметот.
Plant for the Planet е детска иницијатива за зелена иднина. Водечката замисла е дека во секоја земја децата можат да засадат и по милион стебла за да создадат баланс со испуштањето на штетниот CO2.
По две години работа и речиси седум милиони потрошени евра, реставрацијата на Вилата Тугендат (Vila Tugendhat), дело на славниот архитект Лудвиг Мис ван дер Рое, во Брно,Чешка, се ближи до крајот.
Кога Кристофер Колумбо во 1492 година се вратил во Шпанија и на кралскиот дворец ги претставил шесте „Индијанци“, зaпочнала долгата историја на претставување егзотични и поинакви луѓе која својот полн замав го достигнала како забава за најшироките маси во 19 век, а траеше и во 20 век.
Heuritage е проект организиран со цел создавање дигитална меморија на заедницата и се занимава со дигитализацијата на историјата и меморијата на локалните заедници, здруженија, културни центри и поединци.
По повод одбележување на 50-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, ќе се осврнеме на ѕидовите како објекти кои ги раздвојуваат семејствата, градовите, државите или политичките системи.
Египет неодамна ја одобри изградбата на гигантски мост преку Црвеното море за кој се расправа уште од 1988 г., а чиј проект пред пет години тогашниот претседател Хосни Мубарак нагло го прекина поради безбедносните прашања кои ги изрази Израел.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.