Груевски сакаше да биде плачко, а испадна палјачо. Тоа, нормално, не му е прв пат. Секогаш кога сакал да шири емоции и да споделува патетика со народот, тоа било сигнал дека Македонија испишала уште една црна страница.
Да се ничкоса Глигоров е сон на ова ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија во континуитет, а особено во времето кога со неа раководи Никола Груевски, сака да изврши целосна ревизија на поновата македонска историја.
Кога победи Митеран, буквално, скокав од среќа. По 31 година, откако Франсоа Оланд стана вториот социјалист на чело на Франција, победата ме израдува, но ја дочекав без голема егзалтација.
Многу новинари и аналитичари го дочекаа „новиот бран“ на ВМРО-ДПМНЕ за да направат аналогии со нашето комунистичко минато. Ваквиот критички пристап, според мене, се покажа како неуспешен.
Убиството на млади луѓе кај Смилковци, кои до вчера биле малолетни или, чиј живот згасна кога штотуку зачекорија во светот на возрасните, не може да се оправда со ништо. Убиството кај Смилковци треба да ги загрижи сите во регионот.
По злосторството кај Смилковско Езеро, кога Македонија беше потресена од петкратното убиство, умот беше стаписан. Умот тешко се справува со вакво безоумие.
Човек треба секогаш да внимава какви желби си посакува. Пред шест години електоратот посака нешто ново и нешто свежо. И го доби Груевски!
Со монтажите во кои го навредува американскиот амбасадор во Македонија, Миленко Неделковски даде свој придонес во антиамериканизмот на власта.
Новинарите пееја во Универзалната сала. ЗНМ, како што е редот, ми испрати мејл дека имам попуст за овој концерт и билетот ќе ми чини само 150 денари. Но, јас, нормално, не отидов.
Македонија станува земја на службеници и на земјоделци. Уште поточно би било да се каже дека стануваме држава на невработени и на социјални случаи.
По „ноќта без инциденти“, помеѓу минатата недела и понеделник, запрена е спиралата на насилства со низок интензитет во Македонија. Десетте дена што ја потресоа Македонија, навидум, завршија.
Во последно време забележливо е дека на апсолутизмот му треба понагласено идеолошко експонирање.
Борис Трајковски е антипод на Никола Груевски. По сите основи.
Имајќи ја предвид политичката позадина и партиско-полициската инволвираност во овој случај, но и контаминираноста на судскиот процес – мојата лична порака е: Ослободете го Рамковски! - порачува Васил Мицковски.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.