Како што ни е добро познато, луѓето сакаат да се шегуваат. Меѓутоа, не се сите поедаднакво надарени да се шегуваат. Некои луѓе со своите шеги предизвикуваат смеа и одобрување во друштвото, додека шегите на оние другите знаат да касаат полошо и од отровна змија.
Три мали авиони на далечинско управување, обликувани да изгледаат како луѓе, летаат над Њујорк, создавајќи илузија дека се работи за вистински луѓе кои летаат наоколу.
Швеѓанецот Хенрик Томениус не престанува да нè засмејува со своите откачени и смешни стрипови. Досега на Окно објавивме три подолги, а овојпат го претставуваме и со пократок стрип.
Една пожарникарска итна тревога, сосем неочекувано, се претвора во нешто многу поинакво. Самите пожарникари, пак, од противпожарна заштита наеднаш добиваат друга, невообичаена улога.
Џејмс Сквајрс (James Squires) живее и работи во Велингтон, Нов Зеланд. Секој вторник во неделата тој закачува по еден стрип на интернет страницата moonbeard.com. Тој исто така е и блогер, а на својот блог објавува илустрации, цртежи и слично.
За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници: „За многу години, за многу години!“
Се чини дека нема подобра илустрација за тоа какви се политичарите од стрипот на аргентинскиот илустратор и цртач Quino. Досега на Окно од него се објавени Животни лекции, Во што нè претвора телевизијата и Седење.
Шведскиот дизајнер Виктор Херц е авторот на овие преработени логоа на некои од најпознатите брендови, кои сега испраќаат пораки за вистинското влијание и квалитет на брендот што го претставуваат.
Каубоецот Хенк има проблеми со потенцијата и е предмет на исмејување. Се решава да оди на лекар каде што лекарот му го припишува вистинскиот лек... За кој лек станува збор ќе видите ако го отворите стрипот.
На еден стрип цртач ненадејно му се крши пенкалото, и мастилото ја исполнува неговата реалност... Што да се прави? Може ли да му се побегне на ваквиот крај?
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.