Роберто Беличанец: стерeотипот е контејнерот во кој ги фрламе сите припадници на одредена група без оглед на нивните реални поединечни својства.
Реакција на Плоштад Слобода: Со ваквите хајки на режимот се криминализира секој граѓански активизам, а особено оној што е насочен против проектите на владата.
Едвард Л. Бернис, таткото на односите со јавноста и доктор над докторите за спин: ги натерал Американците да јадат сланина, ги убедил жените дека пушењето цигари еманципира...
Додека нов бран на економската криза ги потресува граѓаните од земјите ширум Европа и светот, на пратениците во Европскиот парламент им цветаат ружи. Имено, нивната плата изнесува 7.340 евра, а надоместокот за трошоци по разни основи, изнесува 3.980 евра.
„Бесмислена дискусија е кога некоја влијателна група, трудејќи се да го сочува стекнатото влијание и клучните позиции во општеството, го трупа истото со ноторно идиотски расправи“, вели Јулија Латињина.
Славој Жижек пишува како Бил Гејтс стана најбогатиот човек во Америка: неговото богатство нема врска со тоа што Мајкрософт произведува добри програми по пониски цени од конкурентите.
Екозофијата е наследник на филозофијата на природата. Но од неа значајно се разликува. Додека филозофијата на природата ја третира природата како посебно подрачје на суштествувањето, екозофијата се прашува за природата во нејзиното суштествување, за суштествувањето на природата.
Raumlabor Berlin е група која од 1999 г. се занимава со урбан дизајн, архитектура, изградба и истражувања. Нивната работа е насочена кон јавниот простор кој тие го доживуваат како суштина на секој град. Главното прашање што тие го поставуваат е „Што денес навистина се случува во јавниот простор?“.
Се чини дека креативноста во борбата за човекови права на граѓаните и укажувањето на општествените и политичките неправди во Русија зема замав.
Неколку дена пред Божиќ, Џулијан Асанж се пресели во своето ново скривалиште во зафрлена англиска провинција. Оваа трособна куќа, отстапена од еден симпатизер на Викиликс, е сосема пристојна, но не е грандиозна како вилата во која ги помина претходните 363 дена куќен притвор.
Во последните пет години, Македонија назадува во повеќе подрачја: во демократијата, во човековиот развој, во слободата на медиумите, во евро-атланските интеграции, во директни странски инвестиции, и е повеќе од двојно позадолжена земја.
Пред околу 10-15 години дојде до израз енормната моќ на интернетот во поглед на колективното преобликување на начинот на секојдневното живеење.
Ако ве нервираат изливите на омраза искажани на национална база, кои овие денови се шират на сите страни, еве вести кои барем малку ќе ве израдуваат. Новото истражување докажува дека луѓето кои се склони кон расизам, предрасуди и национална омраза едноставно се – глупави.
Додека многумина од нас работат да обезбедат долготрајно влијание на движењето „Окупирај“, треба да се присетиме на другите земји во кои народните маси успеале преку ненасилен отпор да се изборат за висок степен на демократија и економска правда.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.