Да речеме дека некој бара кредит во банка зашто е суверена личност. Или, бара должничките обврски да ги извршува со нови кредити. Дали индивидуалната сувереност би била доволна причина да се добие или рефинансира кредитот? Постои ли такво суверено право?
Влијанието на земјите кои се веќе зачленети врз оние кои допрва се стремат кон зачленување е двоен: некои земји или региони не се ни сметаат за потенцијални кандидати за членство, а од оние на кои им се ветува членството се бара исполнување одредени услови.
И да не постоеше оваа надоаѓачка криза, балканскиот регион веројатно би поминал полошо одошто некој друг регион во светот. И тоа не само краткорочно, туку и на среден рок, значи, во идните неколку години.
Веројатно најдоброто објаснување зошто на многумина им е потребна парада на гордоста е содржано во нејзината карактеризација како „парада на срамот“ од страна на патријархот Иринеј кој, ако не се лажам, во случајов го цитираше митрополитот Амфилохие.
Нема да има големи разбирања за српските протести против косовскиот бојкот на увозот од Србија. Како што нема големо разбирање ни за недостатокот на соработка од страна на Србија во регионалните односи кога во нив учествува и Косово.
Вистинското прашање е зошто луѓето се преселуваат, зошто нема работа овде? Тоа е клучното прашање за секоја економска политика, за секоја власт, за секоја јавност. Ако во земјава нема место за секого, која е тогаш точната цел на општеството, на државата, јавното расправање и одлучувањето воопшто?
Во времето кога се изучуваа комунистичките општества се водеше стручна расправа за тоа дали може повеќе да се дознае од официјалните извори – весниците, извештаите, статистиката – или од доверливите извори од еден или друг вид.
Кога се бараат причините за политичките убиства или за тврдоглавото залагање за бесцелна политика, речиси секогаш станува збор за отпор да не се изгубат некои стекнати предности, без разлика дали станува збор за политичка моќ или за материјални добра.
Во демократиите нема предавници. Станува збор за систем кој го институционализира правото на политички цели, какви и да се. Следствено на тоа, нема ни непатриотски политики. Се претпоставува дека гласачите знаат што е во нивен интерес.
Свесен сум дека е залудно, но сепак ќе одговорам на прашањето што владата и собранието треба да сторат? Како прво, би требало прецизно да ги дефинираат интересите на државата Србија на Косово – политичките, економските, културните и сите други.
Значи, Судот одговори на прашањето што му е поставено, суштински и технички, а не на прашањата што не му се поставени. Одговорот е заснован врз правото, а не врз политиката. Тој е сеопфатен, а не „ограничено технички“. И ќе има значајна правна и политичка тежина.
Мојот дедо е убиен во политички атентат 1924 година. Атентаторот беше фатен и српските власти го казнија. Налогодавците се фалеа со тоа политичко убиство, а убиецот беше прогласен за херој и маченик.
Непосреден повод за овој текст е изјавата на Михаил Марковиќ во „Печат“: „Србите никаде, па ни во Косово, не вршеле етничко чистење. Доказ за тоа е сегашната етничка карта на Србија и Југославија. Хрватска, Словенија, босанскиот дел на Босна и Херцеговина, како и најголемиот дел на Косово речиси се целосно етнички хомогени. Србија е исто толку етнички мешана колку што беше и пред војните (1991-1995).“
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.