Денес се помирив. Човек може да е фрлен да живее каде било, без субјективна желба. Не мора нужно да се сака местото на своето раѓање. Ако може, треба да не се мрази. За мене, Скопје остана местото што никогаш нема да може да го засакам.
Делот „Интимист“ од оваа книга е преведен на англиски, германски, унгарски и на словенечки јазик (во посебна книга со истото име). Текстот доживеа критички акламации во Берлин и во Будимпешта.
Со 30-тиот, последен дел од книгата на Јасна Котеска „Комунистичка интима“, го завршуваме петмесечниот фељтон на окно.мк. Следната недела почнуваме со нов фељтон...
Зошто комунистите биле непријателски расположени кон собите? Шчекин дава одговор: „Осаменоста на собата не му треба на колективистичкиот човек....“ Извадок од „Комунистичка интима“ Јасна Котеска, Темплум, Скопје, 2008
Комунистичкиот кадар е човек кој мора да се издресира на бескрајна будност со која ќе биде во тек со акциите и околностите под кои се испраќаат знаците. Извадок од „Комунистичка интима“ Јасна Котеска, Темплум, Скопје, 2008
Кога светот станува параноичен, луѓето интуитивно знаат дека нешто се случува со значењето – привидот е настан и настанот е привид. Затоа дразбите треба да боцкаат минимално, инаку паранојата на народот се зголемува. Извадок од „Комунистичка интима“ Јасна Котеска, Темплум, Скопје, 2008
„Филозофите досега го толкуваа светот, а работата е како тој да се промени“ – ова е последната и најславна теза од „11-те тези за Фоербах“ (1845) на Маркс.
Кога денес ја сумираат уметноста создавана во комунизмот, западните проследувачи се фрапирани од застапеноста на апстрактни теми, од советската и од југословенската авангарда. Кога ја пишував оваа книга, многу пријатели ме потсетуваа дека во Југославија имало авангарда – зарем таа не е доказ за уметничката слобода под комунизмот?
Има еден тривијален детаљ од биографиите на шефовите на тајните служби кој поблиску ја осветлува опсесијата на „тајната интелигенција“ со интелигенцијата (поетите, уметниците, научниците).
Уште Фројд ни кажува дека културата бара премногу од нас. И воведува разлика помеѓу принципот на задоволството и на реалноста. Во реалноста има премалку причини за задоволство, секој мој внатрешен нагон за уживање е редовно следен од рестрикција. Затоа перцепцијата редовно поприма форми на халуцинација, јас мора да се излажам дека таму, во светот, се’ уште има некакво задоволство.
Комунизмот не ги сакал вицовите - во времето на Сталин околу 200.000 луѓе биле затворени поради кажување вицови, но хуморот се чувал како оружје за себеси. Извадок од „Комунистичка интима“ Јасна Котеска, Темплум, Скопје, 2008
Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград. Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е.
Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин
Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...