Очигледна е тесната поврзаност на поезијата и поп музиката. Обете како главни средства ги користат ритамот, римата и хармонијата;
Десет години немаше филм од англиското говорно подрачје, ниту реклама за некој производ, а да не се слушнеше спориот галопирачки ритам на трип-хопот.
На третата вечер, во клубот „Хавана“ (Дом на градежници), ќе настапат DJ Moodswinger, Piece of Shh…, Martchin, Alec Empire и T.Raumschmiere. Почеток: 21 часот.
Возбудлива атмосфера на турнеите, луксузно опремени автобуси, полуголи и спремни на сè обожавателки и љубовта на неколкуте илјади луѓе кои врескаат пред бината - тоа е животот на една рок ѕвезда. Но, додека тоа се свирки за кои секој музичар со задоволство ќе раскажува, постојат и такви кои и не се баш материјал за фалење наоколу. Таквите се прифаќаат без кревање особена врева, ќе се одработат - и што е најбитно - добро ќе се наплатат. И тоа добро!
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.