Во книгата „Раскази од другиот џеб“ Чапек ја воздигнува детективската приказна и сличните форми на овој жанр на едно сосем ново ниво, вткајувајќи ги необичните, кратки и моќни психолошки истражувања на секојдневните луѓе кои се фатени во невообичаени и невозможни околности.
Во овие 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и често фантастичен расплет.
Лидија Дејвис (1947) е современа американска писателка и преведувачка од француски јазик. Досега објавила шест збирки раскази. Нејзините раскази се ценети поради концизноста и хуморот кои ги содржат во себе.
Сотир Ристо (1974) е писател и поет од Албанија. Пишува на македонски и албански. Расказите што можете да ги прочитате овде се земени од неговата книга „Продолжено образование“.
Неодамна во издание на издавачката куќа Антолог излезе втората прозна книга на Живко Грозданоски - Приказна за тревите. По првата книга составена од куси-куси раскази, сега Грозданоски објавува малку подолги раскази.
Два раскази, Сквернавител на Херои и Известувач за смртта, од генијалниот нобеловец Елијас Канети, од книгата „Прислушкувач“ на книгоиздателството Темплум.
По еднонеделното разгледување на расказите што пристигнаа на нашата е-адреса, редакцијата на Окно се реши првото, второто и третото место да им ги додели на следниве раскази:
Во новиот преглед (во кој се претставени 25 автори со свои раскази), среќаваме многу нови имиња, но и неколку веќе изградени автори со својот препознатлив стил...
Уште една плодна недела е зад нас. На овонеделниот преглед свои раскази испратија триесетина автори. Нè радува фактот што се појавија многу нови имиња на конкурсот. Читајте, расудувајте, критикувајте!
Најнов преглед на пристигнатите раскази на е-адресата redakcija_okno@yahoo.com. Сума сумарум: 18 автори, триесетина раскази. Очекуваме Ваши мислења, коментари и предлози.
Како што ветивме, денес го објавуваме вториот дел од пристигнатите раскази на конкурсот кои вчера, поради огромниот интерес за учество (и бројката на пристигнатите дела), редакцијата на Окно не беше во можност да ги објави одеднаш.
2010 беше година во која на Окно интензивно ја промовиравме формата кус-кус расказ. Објавуваме избор од најдобрите преведени куси-куси раскази на Окно оваа година.
Карлос Фуентес за кусите раскази на Монтеросо напишал: „Замислете си ги фантастичните суштества на Борхес кои пијат чај со Алиса. Замислете си како Џонатан Свифт и Џејмс Тарбер разменуваат белешки. Замислете си некоја жаба од округот Калаверас која сериозно го чита Марк Твен. Запознајте го Монтеросо“.
Проучувајќи ги човечките недостатоци и настраности, карактерните особини и опсесии, Канети на еден многу духовит начин, преку играта на зборови, понекогаш дури и со помош на надреални слики, ја користи стара метода на Теофраст и и’ дава сопствен, модерен печат.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.