Ентузијазам
Се викаше Елена. Одевме накај мојот стан фатени за рака и уште не ми се веруваше. Цели шест години поминаа откако немам девојка и еве, сега, после журка, во раното утро насмеани, фатени за раце се прибиравме дома. Имав трема. После толку време самотија и пиење, си помислив, дали уште ме бива у кревет. Ќе потфрлам, ќе свршам пребргу, нема да ми се дигне, ќе се избрукам....сите тие варијанти ме опседнуваа и дома ми се чинеше толку далеку.
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.